КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како до заеднички оргазам

Врвот на сексуалниот чин секако е оргазмот, но многу ретко се случува двата партнера да го доживеат во исто време. Овие неколку совети ќе Ви помогнат полесно да се „синхронизирате“.

Врвот на сексуалниот чин секако е оргазмот, но многу ретко се случува двата партнера да го доживеат во исто време. Овие неколку совети ќе Ви помогнат полесно да се „синхронизирате“.

Подготовка, старт

Според истражувањата направени на еден универзитет во Тексас, патот до подобар оргазам започнува со размислувањето за оргазмот. Очекувањето има огромна улога во доживувањето на врвот. Ако пред сексот постојано мислите на ситниците кои Ве возбудуваат, а потоа се опуштите, сексот ќе биде уште толку подобар. Оргазмот кај жените пак, започнува во мислите, измешан со чувствата и желбите. Штом еднаш ќе започнете со сексуалниот однос, не смеете да дозволите ништо да Ве попречи или да Ви го одвлече вниманието. Исклучете го мобилниот, телевизорот, компјутерот. Изолирајте се и посветете се на сексот.

Патот до врвот

Најголем дел од мажите можат да достигнат климакс за неколку минути. Според научниците, поедноставено, тоа изгледа вака – мажите имаат само едно копче, додека жените имаат цела контролна табла. Оттаму, на жените им е потребно многу повеќе предигра и повеќе време за да дојдат до основата за оргазам. За да дојде до целосно синхронизирање, на жените им се потребни допири и игра, а за тоа време мажите треба да останат опуштени. Стимулацијата на клиторисот, допирите по цело тело и галењето се добра подготовка за достигнување на врвот. Колку повеќе сте возбудени, толку подобро ќе реагирате на допирите од мажот. Додека таа не е подготвена за оргазам, тој треба да дише длабоко или пак да го забави темпото.