КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како добро да спиете секоја вечер

Спиењето е важно, можеби и најважно за доброто здравје. Од добриот одмор зависат сите други активности во животот. Затоа, клучно е да знаете како добро да се наспиете секоја вечер.

Спиењето е важно, можеби и најважно за доброто здравје. Од добриот одмор зависат сите други активности во животот. Затоа, клучно е да знаете како добро да се наспиете секоја вечер.

Спиењето нека ви биде приоритет

Тука нема место за приговор. Доколку сакате добро да се одморите, мора сериозно да се посветите на тоа. Основен предуслов е да го тргнете притисокот од себе. Ако имате точно определено време за спиење, тогаш ќе имате и потешкотии да заспиете. Одвојте повеќе време за одмор и опуштете се.

Без кофеин попладне

Кафето е корисно за здравјето, но треба да го пиете наутро, за да се стимулирате за дневните активности. По ручекот треба да престанете со консумирање кафе, но и други производи што содржат кофеин (црни газирани пијалаци, енергетски пијалаци итн.), бидејќи тој може да го наруши нормалниот циклус на спиење.

Опуштете се кога ќе си дојдете дома

Нервозни сте од работното место, денот не поминал онака како што сте замислиле и следствено на тоа сте многу напнати. Кога ќе си дојдете дома, одвојте малку време да се опуштите. Сварете си чај од камилица, направете си топла бања или седете во тишина барем 5 минути. Вашето тело ќе ја препознае разликата.

Секс пред спиење

Сигурно сте чуле многу шеги на сметка на мажите кои заспиваат како заклани по секс. Всушност, постои многу добра причина за тоа. По сексуалниот однос, организмот се преплавува со хормонот пролактин, чиешто ниво е повисоко и во текот на спиењето.

Оставете го телефонот

Целиот ден паметните телефони ни се залепени на дланките. Но, ако сакате квалитетно да се наспиете, исклучете го својот телефон. Пораките, мејловите и сите останати обврски ќе бидат таму и утрото кога ќе се разбудите.