КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Колку сон е потребен за секој член од семејството?

Просечно, луѓето во различните стадиуми од животот имаат потреба од повеќе или помалку сон. Наведените времиња се рамка, но во зависност од повеќе фактори, тие може да варираат.

Просечно, луѓето во различните стадиуми од животот имаат потреба од повеќе или помалку сон. Наведените времиња се рамка, но во зависност од повеќе фактори, тие може да варираат.

Ако Вашето дете често заспива во автомобилот, има потешкотии да се разбуди наутро или пак е раздразнето, можеби му треба повеќе спиење.

Новороденчиња (до два месеци)

12 до 18 часа

Бебиња (3 до 11 месеци)

14 до 15 часа, со вклучени дремки. Хормонот за раст најмногу се излачува во определени фази од спиењето, па така растот може значително да биде забавен кај бебињата кои не спијат доволно.

Мали деца (1 до 3 години)

12 до 14 часа, со вклучени дремки

Претшколски деца (3 до 5 години)

11 до 13 часа, со вклучени дремки Недоволното спиење кај децата до пет години во неколку медицински студии е поврзано со прекумерна телесна тежина во подоцнежните фази од животот.

Школска возраст (5 до 10 години)

10 до 11 часа Недоволен одмор кај овие деца може да доведе до хиперактивност, проблеми со учењето и однесувањето, според најновите медицински истражувања.

Тинејџерска и преттинејџерска возраст (10 до 17 години)

8,5 до 9,5 часови Последните студии покажаа дека поспаните тинејџери се посклони кон депресија, проблеми со вниманието, имаат помал успех во училишните обврски, итн.

Возрасни

7 до 9 часа Доволни се една до две несони ноќи за да се забрза работата на срцето, да се повиши крвниот притисок, но и да настанат воспаленија во организмот. Сите овие нешта се лоши за Вашето срце, а недоволниот сон го зајакнува и апетитот, што на подолги патеки ќе придонесе за зголемување на телесната тежина.