КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Кошмарите се предизвикани од стрес

Здравствените проблеми обично се испреплетени, а не изолирани. Така на пример, се покажа дека страдањето од постојани кошмари всушност се должи на преголемото ниво на стрес во животот, а тоа е проблем со кој мора веднаш да се справите.

Здравствените проблеми обично се испреплетени, а не изолирани. Така на пример, се покажа дека страдањето од постојани кошмари всушност се должи на преголемото ниво на стрес во животот, а тоа е проблем со кој мора веднаш да се справите. Секој човек барем еднаш во животот има доживеано кошмарен сон. По таквите сништа, во текот на следниот ден се чувствува одредена доза на непријатност. Кога сонуваме кошмари, наместо одморени, наутро се будиме со чувство на замор и чуден страв од реалноста. Механизмот за настанување на кошмарите не се разликува од механизмот на настнаување на кој било друг сон. Се работи за комбинација на потиснати содржини од свеста во потсвеста, префрлени од реалноста со која човекот не може соодветно да се справи. Овие соништа неретко ги оживуваат длабоко потиснатите спомени од немили случување во кои луѓето имале чувство на огромен страв и соочување со катастрофа (од кој било вид). Често можат да бидат директно сврзани со конкретни случаи, но многу почесто се поттикнати од потиснатите стравови кои не може да се дефинираат. Но, и секојдневниот стрес значително влијае на појавата на кошмари, бидејќи го поттикнува повторното појавување на потиснатите спомени и сеќавањето на непријатните содржини, го слабее механизмот на одбрана, со што некои луѓе стануваат почувствителни и поподложни на кошмари. Сонувањето е поврзано со времетраењето на сонот и квалитетот на спиењето. Најчесто се сеќаваме на соништата кои се сонуваат пред мигот на будење, но и оние кои се проследени со бурни емоции. Одредени кошмари се чини дека траат цела вечност, т.е. дека никогаш нема да им дојде крај. Времетраењето на ваквите сништа е тешко да се процени, бидејќи се работи за индивидуална категорија и доколку дојде до преоптоварување со емоции, најчесто доаѓа и до брзо будење. За мирен и пријатен сон без кошмарни елементи, психијатрите препорачуваат лесни оброци, редовна физичка активност и работење на намалување на нивоата на стрес.