КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Краткорочни и долгорочни последици од недостаткот на сон

Според некои истражувања, до 50% од возрасните ширум светот велат дека имаат недостаток од сон. Сепак, повеќето луѓе не се свесни за тешките последици што недостатокот на ЗЗзззз ги има врз нивното здравје и благосостојба. Ефектите од неспиењето, не се појавуваат по недели или месеци ... тие се јавуваат веќе по една ноќ на недоволно спиење. Прочитајте за да видите зошто квалитетен сон е важен. секоја ноќ

Краткорочни последици

Ефектите од недостатикот на сон се јавуваат веќе по една ноќ недоволно сиење. Ако спиете помалку од 7 до 9 часа дневно, не само што ќе се чувствувате поспано ... вашето тело и ум веќе ќе започнат да доживуваат невидливи, но поголеми опасности.

• 1 ден без сон

Да останете будни 24 часа влијае на вас на ист начин како да сте мамурни и опијанети.  Вашата способност за фокусирање и превземање акција е намалена, а вие се однесувате како да имате ниво на алкохол во крвта од 0,10%. Ова е особено небезбедно кога возите или кога сте вклучени во потенцијално опасни активности. Денот без сон предизвикува и магловито и променливо расположение, потешкотии во концентрацијата и одлучувањето, проблеми со видот или слухот, па дури и тремор на мускулите.

 • 1,5 дена без сон

По 36 часа без сон, вашето здравје и функционалност се веќе се многу засегнати. Целото тело е под стрес, бидејќи го зголемува производството на кортизол. Почнувате да доживувате хормонални нерамнотежи кои предизвикуваат промени во вашето расположение и апетит. Не можете правилно да ја регулирате температурата на вашето тело. Вашата меморија се влошува, имате пократок распон на внимание и други когнитивни потешкотии. Доживувате умор и имате проблеми со зборувањето.

• 2 дена без сон

Ако останете будни 48 часа, ќе се чувствувате замаглено, не сте во контакт со реалноста, не можете да одржувате концентрирација или да запомните. Вие сте нерасположени и раздразливи. Недостатокот од сон, исто така, почнува да го загрозува вашиот имунолошки систем, да го блокира одбранбениот систем на вашето тело и така се онеспособува да се бори против инфекции и болести. Дури би имале и кратки загуби на свеста.

• 3 дена без сон

По 72 часа ја губите способноста за фокусирање. Имате проблеми со разговорите, не можете да ја работите својата работа, вашите мисловни процеси се забавуваат и не можете да ги регулирате вашите емоции. Наједноставните активности стануваат тешки. Вашето тело е исцрпено, срцето може да почне да чука премногу брзо. Почнувате да чувствувате депресија, анксиозност, параноја или ви се појавуваат халуцинации.

• Повеќе од 3 дена без сон

Толку долго време без сон веќе станува исклучително опасно. Халуцинациите стануваат се почести, паранојата се зголемува и може целосно да се одвоите од реалноста. Органите на вашето тело престануваат да функционираат правилно и се зголемува ризикот од смртни случаи поврзани со несреќи. По 72 часа несоница, веднаш треба да посетите лекар. Премалку сон сега може да стане фатален.

Долгорочни последици

Ако сте лишени од сон подолго време, несаканите ефекти стануваат многу посериозни, дури и опасни по живот. Недостатокот од сон влијае на срцето, бубрезите, метаболизмот, апетитот, контролата на тежината, имунолошкиот систем, чувствителноста на болка, времето на реакција, расположението и функцијата на мозокот. Накратко, тоа влијае на сè. Долготрајниот недостаток на квалитетен сон исто така го зголемува ризикот од депресија и анксиозност, дебелина, дијабетес и одредени форми на рак.

Да сумираме, дури и една непроспиена ноќ може да го има истото влијание врз моторните и когнитивните функции, исто како да останете без сон цел еден ден или два. Кога не ги задоволувате вашите потреби за спиење во континуитет, подолг период, имате хронично недостаток од сон, што е исклучително опасно за вашето здравје и благосостојба… Нека тоа биде ваш знак дека е неопходно да почнете веднаш спиењето да го поставите како главен приоритет.