КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Лек за несоница - благо нишање

Доколку имате потешкотии со заспивањето навечер, можеби треба да се обидете со поставување мрежа за спиење. Луѓето во просек успеваат да заспијат многу побргу, па дури да добијат и поквалитетен сон, доколку благо се нишаат.

Доколку имате потешкотии со заспивањето навечер, можеби треба да се обидете со поставување мрежа за спиење. Луѓето во просек успеваат да заспијат многу побргу, па дури да добијат и поквалитетен сон, доколку благо се нишаат. Резултатите од најновото научно истражување можеби нудат објаснување зошто луѓето инстинктивно ги нишаат бебињата кога тие треба да заспијат, зошто е толку убаво седењето во стол што се ниша и зошто толку лесно заспиваме кога сме седнати на него. Иако мрежите за спиење се поврзуваат главно со одењето во викендички, летни одмори, кампување и сл., нивното благо нишање може да Ви помогне да заспиете и дури да го подобри квалитетот на сонот. Во тестовите учествувале 12 мажи кои се опишале себеси како луѓе што спијат добро. Од нив било побарано да спијат во мрежите двапати по 45 минути, еднаш во занишана мрежа, другиот пат во мрежа што стои мирно. Во двата случаи тие се наоѓале во темна и тивка просторија и им била следена мозочната активност. Сите доброволци заспале многу побргу во случајот кога мрежата се нишала. Доктор Микел Мулеталер кој ја предводел студијата, изјавил: „Забележавме побрз преод од будна состојба во спиење, кај сите субјекти, кога тие лежеа на занишаната мрежа за спиење“.  Нишањето исто така ја сменило и природата на нивното спиење, со тоа што го зголемила времето поминато во фазата без сон, наречена Н2, којашто настапува непосредно по заспивањето. Но, нишањето исто така ја зголемува мозочната активност, овозможувајќи му на мозокот да ја консолидира меморијата од изминатиот ден. Следен чекор во истражувањето е проверката дали нишањето го подобрува спиењето и на подолги периоди и дали може да помогне во лечењето на несоницата. Дополнителните истражувања ќе покажат дали ова го поттикнува мозокот да се поправи себеси по настанати повреди. Доколку наодите се покажат како точни, тоа може засекогаш да го смени начинот на кој спиеме.