КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Митови за пролетните алергии

Пролетта пристигна, а тоа значи дека сите што имаат проблеми со алергиите се соочуваат со растечен нос, насолзени очи и постојано кивање. Честите митови за алергиите ги спречуваат луѓето да побараат помош, па затоа прочитајте што експертите велат за ова прашање.

Пролетта пристигна, а тоа значи дека сите што имаат проблеми со алергиите се соочуваат со растечен нос, насолзени очи и постојано кивање. Честите митови за алергиите ги спречуваат луѓето да побараат помош, па затоа прочитајте што експертите велат за ова прашање.

Мед од локалното подрачје ги ублажува симптомите од алергиите

Всушност, иако медот е вкусен, клиничките испитувања покажаа дека медот не функционира ништо подобро од плацебо лековите во ублажување на симптомите од алергиите.

Антихистамините што се продаваат функционираат подеднакво добро како и оние на рецепт

Антихистамините што се продаваат можат да ги ублажат симптомите на алергиите, како што се кивањето, солзењето и растечениот нос, но не можат да го ублажат воспалението што ги предизвикува овие симптоми.

Алергиите на полен не се поврзани со алергиите на храна

Всушност, алергиите на полен и на храна се тесно поврзани. Според проценките, дури една третина од сите луѓе што имаат алергија на полен се чувствителни и на некој вид храна. Во поленот има протеини што се наоѓаат во многу растенија и нивните плодови.

Алерго-тестовите на крвта се најверодостојниот начин за откривање на алергии

Алерго-тестовите на крвта покажуваат само дали во крвта постојат антитела на специфични алергенси, додека почесто корситените кожни алерго-тестови при коишто со различни алергенси Ве боцкаат на грбот или пак на рацете за да се забележи реакцијата се многу поверодостојни.

Инјекциите против алергии се поскапи од лекарствата

Доколку имате алергија и таа прави да се чувствувате мизерно, тогаш инјекциите против алергии (имунотерапија) може да Ви заштеди пари и да го подобри квалитетот на животот. Овие инјекции функционираат на ист принципи како вакцините – алергенсите (во мали, но растечки дози) се вбризгуваат во Вашиот организам, за постепено да оформите толеранција. Доколку третманот е ефикасен, со текот на времето симптомите треба значително да се намалат или во некои случаи сосема да исечазнат.