КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Научно потврдено – не си легнувајте гневни

Народната мудрост вели дека никогаш не треба да си легнувате кога сте налутени, гневни или пак со какви било други негативни емоции. Сега, веќе добивме и научна потврда за ова, поткрепена со докази.

Народната мудрост вели дека никогаш не треба да си легнувате кога сте налутени, гневни или пак со какви било други негативни емоции. Сега, веќе добивме и научна потврда за ова, поткрепена со докази. Научниците од универзитетот Масачусец направиле студија за поврзаноста на емоциите со циклусот на спиење. Во нивната студија, било заклучено дека секогаш кога сте исполнети со негативни емоции (нивните примери биле: изложеност на некоја вознемирувачка слика или искусување на трауматичен настан), доаѓа до побрзо емотивно празнење доколку потоа останете будни.

Ако веднаш си легнете, тогаш емоциите се „заштитуваат“, што значи кога повторно ќе бидете изложени на истите ефекти, емоциите ќе бидат подеднакво негативни како и првиот пат. Како примери во студијата биле посочени луѓето кои страдаат од пострауматски стрес и сведоците на сообраќајни несреќи. Ако сведок на ужасна несреќа, по настанат остане буден, следниот пат кога ќе биде потсетен на настанот, напливот на негативни емоции значително се намалува, за разлика од оние сведоци што веднаш по настанот спиеле.

Научните дури заклучиле дека мозокот се обидува да избегне спиење по трауматичен настан, како одбранбен механизам. Секако, овие заклучоци можат да се применат и во секојдневниот живот. На пример изнервираноста по караница со партнерот или несогласување на работното место претставува негативна емоција. Научниците советуваат дека треба да останете будни и да се справите со чувствата, а дури потоа да мислите на спиење.

На тој начин, кога ќе се разбудите ќе имате многу поблага реакција на проблемите. Исто така, следниот пат кога ќе се случи нешто слично, вашиот мозок ќе биде многу поподготвен за справување со ситуацијата.