КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Недостатокот на сон убива – вистина или мит

Иако не постои директен доказ дека недостатокот на сон може да биде смртоносен, сепак, тој може да доведе до бројни опасни здравствени проблеми како и предвремена или случајна смрт. Недосатокот на сон е сериозен проблем и треба да направите сѐ што можете за да го спречите.

Недостатокот на сон може да биде смртоносен

Во 80-тите години, научниците откриле дека стаорците кои не спиеле доволно, умирале за само неколку недели. Иако, не постои директен доказ дека луѓето можат да умрат од недостаток на сон, истиот е поврзан со многу причини на смрт. Потенцијално смртоносни кардиоваскуларни болести, канцерогени тумори, мозочни болести, дијабетес, прекумерна тежина и висок крвен притисок, сите овие може да бидат предизвикани од несоодветно спиење. Недостатокот на сон влијае на секоја клетка и орган во нашето тело.

Недостатокот на сон ги зголемува шансите за несреќи

Ризокот од фатални несреќи, исто така, се зголемува кога не сме наспиени. Дури и краткотрајното неквалитетно спиење се поврзува со животнозагрозувачки ситуации и смрт, предизвикани од моторни возила или повреди на работното место. Всушност, ако не спиеме 17 часа, овие проблеми се исто толку опасни како и содржина на алкохол во крвта од 0.05%.

Недостатокот на сон брзо станува опасен

Истражувањата покажуваа дека луѓе кои спијат 6 часа во текот на ноќта, 14 ноќи последователно, добиваат слаби резултати на когнитивни и моторни задачи, како и тие што ние спиеле две ноќи по ред. Исто така, ако спиете помалку од 6 часа секоја вечер, имате 10 пати поголем ризик од предвремена смрт, споредено со тие кои спијат 7 до 9 часа. Сепак, една важна работа која мора да ја запомнеме е дека квалитетот на сон е исто така важен како и квантитетот. Спиењето 6 часа во кревет во кој постојано се превртувате или прави да се будите со болки, исто така ќе придонесе за сериозен недостаток на сон.

Не можеме да живееме без сон

Ако во минатото верувавме дека основните потреби за преживување на луѓето се храна, вода, воздух и засолниште, сега знаеме дека и спиењето има удел во оваа категорија. Иако недостатокот на сон, сам по себе не е директна причина за смрт, јасно е дека ги зголемува шансите за развивање на многу сериозни проблеми кои можат да придонесат кон смртност.