КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Нова Дормео веб-страница

За да ги задоволиме Вашите желби, да Ви заштедиме време и пари, ја освеживме, обновивме и дополнивме веб-страницата на Дормео - само за Вас!

За да ги задоволиме Вашите желби, да Ви заштедиме време и пари, ја освеживме, обновивме и дополнивме веб-страницата на Дормео само за Вас!

На новата Дормео веб-страница, покрај деталната презентација на производите, ќе најдете алатки кои ќе Ви помогнат да го пронајдете производот кој најмногу Ви одоговара, а деталните водичи ќе Ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Исто така можете да погледнете видео презентации на производите, да нарачате бесплатен е-магазинили каталог, да пребарувате низ новата е-библиотека, да ги споделите искуствата со пријателите на Facebook, да читате интересни статии за здравје, убавина, секс...

Проверете што нуди новата веб-страница на Дормео

1. Детална презентација на производите

Одбирањето правилен душек често е тешка одлука, со оглед на тоа што најголемиот дел од нас не знаат кој да го одберат. Токму затоа се обидовме да ги прикажеме нашите производи колку што може подетално, без притоа да се загубите во морето од информации. Нашата цел е да ги запознаете производите колку што може повеќе и потоа да го одберете оној кој најмногу Ви одговара. Токму затоа Ве советуваме преку нашиот конфигуратор на производи и водичите, бидејќи сакаме Ви ги поедноставиме изборот и купувањетоколку што е возможно.

2. За да ги погледнете само оние производи за кои навистина сте заинтересирани...

... подготвивме филтри на производите, за душеци, перници и прекривачи. Според Вашите желби и потреби можете да ги погледнете само оние производи кои ги барате.

3. Фотографии и видео презентации на производите

За да добиете подобра претстава за тоа како изгледаат душеците, перниците или ќебињата, додадовме голем број фотографии, а исто така можете да гледате видеа или да прочитате препораките од задоволните корисници.

4. За тие на кои им е потребен експерт при изборот на производ, подготвивме онлајн конфигуратор на Дормео производи

Едноставната алатка ќе Ви помогне да го пронајдете токму душекот, перницата или ќебето што го барате. Според Вашите желби и потреби, дојдете до производот кој најмногу Ви одговара во само четири едноставни чекори. Кликнете овде и добијте помош од конфигураторот на производи.

5. За подетален преглед на производите, постојат детални експертски водичи

Тие ќе Ве одведат до производот што го сакате; ќе Ве советуваат кои производи се соодветни доколку страдате од алергии; кои производи Ви одговараат доколку често се потите; и кои производи ги препорачуваме за сите љубители на природата, т.е. кои производи се направени од модерни суровини. Кликнете овде и погледнете ги >

6. Потребни се само три кликови и душекот, перницата и ќебето ќе стигнат до Вашиот дом!

За да го направиме искуството на купување колку што може поубаво, го поедноставивме процесот. Потрошувачката кошничка Ве води низ три едноставни чекори, а Вашата безбедност е загарантирана!

7. Ви се допаѓа Вашиот производ и сте задоволни од него? Споделете го со пријателите на Facebook!

Обележете ги производите и содржината кои Ви се допаѓаат  за да ги препорачате и споделите со Вашите пријатели на Facebook. Сѐ што треба да направите е да кликнете на копчето Like покрај текстот. Исто така можете да ни се придружите на новата Дормео Facebook страница, каде што можете да ги најдете сите новини, кампањи и други погодности! Кликнете овде за да нѝ се придружите!

Се надеваме дека Ви се допаѓа обновената веб-страница www.dormeo.com.mk и дека често ќе ја посетувате.

Секако, ќе работиме напорно да подготвиме новини за заштеда секоја недела, ќе пишуваме совети и забавна содржина и на тој начин ќе се обидеме да Ви го разубавиме секој ден и нормално, секоја ноќ.

За Вас, Дормео тимот.