КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Одморете го мозокот

Мозокот е единствениот орган кој не се одмара ниту кога спиете. Затоа, за него се потребни посебни вежби за одмарање. Прочитајте дел од нив...

Мозокот е единствениот орган кој не се одмара ниту кога спиете. Затоа, за него се потребни посебни вежби за одмарање. Прочитајте дел од нив...

Прошетка

Во текот на еден ден, доволни се помеѓу 20 и 30 минути за мозокот да се релаксира, а доколку прошетката можете да ја изведете на чист воздух, ќе имате дополнителна придобивка, затоа што мозочните клетки се освежуваат подобро во околина богата со кислород.

Отидете во природа

 Иако не е научно докажано зошто одењето во природа има поблагопријатен ефект врз мозокот отколку урбаните средини, јасно е дека природното опкружување го подобрува расположението и значително го зголемува нивото на витамин Д во организмот.

Брз одмор

Малкумина знаат дека постојат активни форми на одмор: физички, психички, социјален и спиритуален. Сите овие форми помагаат при намалувањето на стресот. Правењето мали паузи во текот на работното време многу ќе придонесе за продуктивноста и концентрацијата.

Наспијте се!

Без разлика дали учите, студирате или работите 8 часа дневно, на Вашиот организам му е потребен квалитетен сон за добар одмор. Мозокот не е исклучок од ова правило. Дополнително, со редовниот квалитетен сон, ги намалувате и шансите за појава на кардиоваскуларни болести.

Синхронизирајте се со биоритамот

Можеби Вам Ви е сеедно дали е утро или вечер, но мозокот прави разлика. Докажано е дека продуктивноста е најголема наутро, тогаш имате најголема концентрација и мозокот е најотворен за впивање нови информации. Вечерите се попогодни за опуштени активности.

Не се оптоварувајте

Вашиот мозок функционира најдобро кога му задавате една по една задача. Доколку започнете да го преоптоварувате со повеќе задачи одеднаш, бргу ќе забележите дека ќе дојде до пад на концентрацијата и драстично зголемување на нивото на стрес. Затоа, клучно е да правите паузи во текот на денот, во кои ќе се одмарате и со тоа ќе ги елиминирате шансите за правење грешки.