КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Подобрете го имунитетот и заштитете се

Честите температурни пртомени и студеното време значително придонесуваат за зачестување на настинките и вирусните инфекции, поради ослабениот имуниет. Прочитајте што треба да сторите за да го зајакнете имунитетот и со тоа, да се заштитите од настинки и инфекции во текот на зимата.

Честите температурни промени и студеното време значително придонесуваат за зачестување на настинките и вирусните инфекции, поради ослабениот имунитет. Прочитајте што треба да сторите за да го зајакнете имунитетот и со тоа, да се заштитите од настинки и инфекции во текот на зимата.

Добро наспијте се

Болестите и ненаспаноста одат рака под рака. Кога не сте доволно одморени, телото и умот не функционираат онака како што треба, што Ве прави поподложни на инфекции.

Во една студија на оваа тема, било заклучено дека од 153 испитаници, оние коишто спиеле помалку од 7 часа биле трипати поподложни на болести отколку оние што спиеле по 8 или повеќе часови. Навидум, се работи за само еден час, но разликата за организмот е огромна.

Често мијте ги рацете

Не е ни чудо што сите доктори препорачуваат често миење на рацете, особено во сезоната на вируси и настинки. Според статистиките и истражувањата, дури 80 проценти од сите инфекции се пренесуваат преку допир. Можете да го преполовите ризикот од инфекција со самото тоа што ќе ги миете рацете најмалку 5 пати во денот.

Не пушете и не пијте алкохол

Еве уште една причина зошто да се откажете од пороците. Според најновите истражувања, цигарите и алкохолот не само што го зголемуваат ризикот од настинка, туку тие настинки траат подолго и се далеку подрастични од обично.

Чадот од цигарите ја суши слузокожата во носот и белите дробови, а алкохолот предизвикува дехидрација. А, бактериите и вирусите најефикасно го напаѓаат респираторниот систем кога во него нема доволно влага.

Повеќе витамин Д и сончева светлина

За време на зимата, доаѓа до пад на нивото на витами Д во организмот, со оглед на тоа што многу повеќе време минуваме на затворено. Овој витамин е клучен за добриот имунитет, но најчестиот извор претставува сончевата светлина. Доколку не можете да поминувате доволно време на сонце, тогаш барајте храна богата со витамин Д, како што се: јајца, лосос, ракчиња и млеко.