КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Подобри навики за подобар сон

Спиете лошо? Патите од несоница? Изморени сте во текот на работниот ден? Доволно е малку да ги промените навиките и сигурно ќе дојдете до подобар сон. Прочитајте како.

7.05 – Наместете го креветот

Потоа расчистете ги и алиштата од претходниот ден, средете ги нештата што не се на своето место и исфрлете го ѓубрето. Многу е потешко да се опуштите кога ќе се вратите дома, ако се вратите во хаос.

7.10 – Вежбајте

Дури и растегнување од 5-10 минути ќе биде доволно за да го добиете неопходниот поттик на енергија.

7.45 – Здрав појадок

Појадокот навистина е најважен оброк и не смее да се прескокнува. Направете си јадење кое ќе содржи висока концентрација на протеини, како и доволна количина растителни влакна.

12.30 – Прошетајте по ручекот

Куса прошетка на чист воздух по ручекот ќе го одржи вашето тело во потребниот ритам. Во текот на денот ви се потребни барем два часа на чист воздух за да останете свежи.

13.00 – Испијте го последното кафе

Исто така, до крајот на денот избегнувајте и пијалаци со кофеин. Овозможете му на телото доволно време да го исфрли кофеинот пред да заспиете.

14.00 – Ако можете, дремнете

Овој термин е идеален за дремка. А попладневната дремка ќе ве освежи и ќе ви даде нова енергија за завршување на сите обврски.

17.00 – Последен термин за вежбање

Точно е дека вежбањето го опушта телото, но вежбање премногу блиску до терминот за спиење ќе ја покачи телесната температура и ќе го зголеми нивото на енергија, што може да доведе до потешкотии при заспивањето.

18.00 – Јадете полесна вечера

Вечерата треба да ви изобилува со зеленчук. Тешките оброци можат да го нарушат циклусот на спиење, со тоа што ќе го оптоварат желудникот, во времето кога телото треба да се одмори и регенерира.

20.00 – Намалете го светлото

Вашето тело треба да добие сигнал дека е време за опуштање. Тоа ќе го постигнете со намалување на осветлувањето и сите други визуелни стимуланси.

21.15 – Избањајте се во топла вода

За идеална подготовка за спиење, потребна е некоја активност што ќе опушти целото тело – на пример топла бања.

21.30 – Намалете ја температурата

Идеалната температура за спиење е 18 степени. Дајте му малку време на телото да се навикне на таа температура, а потоа можете да се пикнете под покривките.

22.00 – Исклучете го компјутерот

Сите визуелни стимуланси мора да се исклучени за да си гарантирате добар сон.

22.15. – Напијте се чај од камилица

Овој чај ќе ве смири и опушти пред спеиње.

22.30 – Започнете ја рутината пред спиење

На сите луѓе што имаат потешкотии при спиење им се препорачува да си создадат рутина пред спиење, со што телото ќе добие сигнал дека е време за опуштање. Најдете ја својата.

23.00 – Потполн мрак

Добра ноќ!