КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да се ослободите од прашинските грини

Правот е еден од најчестите алергенси кои можат да се најдат во домашни услови. Количината на прав во домот е во директна корелација со староста на имотот, ефикасноста на филтрирањето на воздухот во системите за греење и ладење, како и ефикасноста на методите за чистење кои ги употребуваат станарите.

Правот е еден од најчестите алергенси кои можат да се најдат во домашни услови. Количината на прав во домот е во директна корелација со староста на имотот, ефикасноста на филтрирањето на воздухот во системите за греење и ладење, како и ефикасноста на методите за чистење кои ги употребуваат станарите.

Примарниот алергенс во домашниот прав е алергенсот на прашинските грини (обично се наоѓа во изметот од прашинските грини). Прашинските грини се микроскопски членови на фамилијата пајаци кои се хранат од мртвите клетки од кожата. Најчесто живеат на места каде што мртвите клетки од човечка кожа се секогаш достапни како извор на храна, како што се на пример: постелнината, ќилимите, мебелот итн.  Последните написи во медицинската литература укажуваат на тоа дека изложеноста на алергенси од прашинските грини во домовите е значителен фактор за развој на алергиски болести, како што се астма и алергиски ринитис (алергија на трева).

Резултатите од претходните истражувања укажуваат на тоа дека преку 45 проценти од сите домови во светот имаат кревети во кои има алергенси од прашински грини со концентрација која го надминува нивото поврзано со алергиска сенситизација. Се проценува дека во околу 20 проценти од домовите има алергенси од прашински грини во концентрација која може да предизвика напад на астма кај луѓето кои се подложни на тоа.

Симптоми

Алергенсите од прашинските грини можат да предизвикаат и респираторни реакции и кожни реакции кај чувствителните луѓе. Астма, егзема (исфрлање на кожата) и алергиски ринитис (алергија на трева) се трите главни алергиски болести кои се поврзуваат со прашинските грини. Истражувањата покажаа дека алергенсите можат да останат во воздухот и до два часа. Штом ќе се подигнат во воздухот, парчињата измет од прашинските грини можат да бидат вдишани, предизвикувајќи алергиски реакции кај чувствителните луѓе. Симптомите од изложеност на прашински грини вклучуваат: - Отежнато дишење; - Кашлање; - Чешање на очите; - Растечен нос; - Астма; - Егзема (исфрлање на кожата); - Алергиски ринитис (алергија на трева).

Превенција

Невозможно е да се елиминираат прашинските грини од Вашиот дом. Сепак, постојат четири начини да се спречи изложеноста на прашинските грини и да се убијат прашинските грини и нивните јајца.

1. Замрзнување

Овој метод е многу ефикасен за убивање прашински грини. Околу 80 проценти од тежината на прашинските грини е вода, па замрзнувањето предизвикува распукување на грините бидејќи водата во нивните ткива се проширува во процесот на замрзнување. Ова е ефикасен начин за уништување на прашинските грини на предмети кои се доволно мали за да се пикнат во замрзнувач.

Во зимските месеци, кога температурата се спушта под нулата, замрзнувањето може да се искористи за уништување на прашинските грини во мебелот, душеците и други големи предмети кои можат да се остават надвор во текот на ноќта.

2. Сушење

Поради тоа што прашинските грини се составени од 80 проценти вода, а не можат да пијат вода, тие мора да ја одржуваат внатершната влага преку надворешни извори за да преживеат. Сушењето и намалувањето на релативната влажност на воздухот ќе ги убие прашинските грини преку губење на влагата и сушење. Ставањето на ткаенини, облека, постелнина, завеси и други предмети инфицирани со прашински грини во сушална со топол воздух и вентилација кон надворешноста ќе ги уништи прашинските грини.

3. Перење со жешка вода

Јајцата од прашинските грини умираат во вода пожешка од 55 до 60 степени. Сушењето на алиштата и ткаенините во сушална со топол воздух Ви дава дополнителна сигурност по миењето со жешка вода.

4. Избегнување

Луѓето со алергии на прав треба да се обидат да избегнуваат активности кои ги изложуваат на прав. Штом еднаш ќе се воспостави контрола врз колониите прашински грини, треба да се водите од следниве методи за да продолжите со успешната контрола на правта и намалувањето на алергенсите од прашинските грини: - Користете душеци со антиалергиски својства; - Често менувајте ја постелнината, (Ви препорачуваме Антиалергиска прекривка Протект) - Избегнувајте активности поврзани со прав; - Перете ги постелнината, завесите, ќилимите итн. со вода со температура над 55-60 степени; - Сушете ги постелнината, завесите, ќилимите итн. со најжешкиот метод кој Ви е на располагање; - Користете специјални анти-алергиски навлаки на перниците; - Користете природна вентилација (често отварајте го прозорецот) или високо ефикасни филтри за климатизери; - Размислете за ослободување од ќилимите и нивна замена со мазен под, како што е паркет или пак ламинат; - Трудете се релативната влажност на воздухот да биде 50 проценти или пониска; - Бришете ја правта со навлажнета крпа; - Често чистете ги подовите со влажна метла или џогер; - Избегнувајте завеси или ролетни кои собираат премногу прав. Ако морате да користите завеси, перете ги секој месец;  - Минимизирајте го бројот на додатоци во домот кои собираат прав, како што се книги, цвеќиња, сувенири, фотографии и сл. Тие што ги имате, често бришете ги со влажна крпа; и - Користете правосмукалка со високо ефикасен филтер за собирање на најмалите честички прав.