КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Празнични здравствени совети

Здравјето веројатно ви е последна мисла за време на празниците. Ова е период кога се кршат правилата, кога сите се забавуваат, кога се ужива во храна и пијалаци. Но, добрата вест е тоа што можете да уживате во празниците, а воедно и да го зачувате доброто здравје.

Здравјето веројатно ви е последна мисла за време на празниците. Ова е период кога се кршат правилата, кога сите се забавуваат, кога се ужива во храна и пијалаци. Но, добрата вест е тоа што можете да уживате во празниците, а воедно и да го зачувате доброто здравје.

Не прескокнувајте оброци

Логиката е едноставна – ќе го прескокнете ручекот и на тој начин ќе ви остане повеќе простор за кифличките на работната забава. Но, сите знаеме дека прегладнувањето може да резултира со прејадување, а пиењето алкохол на празен желудник предизвикува многу побрзо дејство, што потоа води кон дополнително јадење без реална потреба. Затоа, во текот на денот јадете нормално, а кога ќе дојдете на забавата размислувајте стратешки – посегнувајте само по нештата што ги обожавате. Престанете кога ќе почувствувате ситост.

Пијте алкохол со мраз

Коцките мраз што се топат во коктелите создаваат дополнителна течност. Дури и ако не пиете коктели, нарачувајте ги пијалаците со мраз, за да избегнете пребрзо опивање. Користете сода вода како миксер за пијалаците, бидејќи коктел со алкохол и сода вода содржи едвај 100 калории.

Одморете од теретана

Речиси никој нема време да оди во теретана за време на хаотичниот празничен период. Затоа, не мора да се обвинувате себеси што ги пропуштате редовните тренинзи. Обидете се да ги потрошите калориите на друг начин – одете побрзо кога купувате подароци, фокусирајте се на темелно чистење на домот итн., но ветете си и дека ќе се вратите на редовни тренинзи веднаш по празниците.

Бројте ги залаците

Голем број закуски на забавите содржат околу 60 калории по залак. Тоа значи дека ако каснете 5 залаци, внесувате 300 калории, што значи дека сте изеле уште половина вечера.

Вежбајте умереност

Умереното пиење алкохол нема да ве заштити само од ужасен мамурлак следното утро, туку ќе ги спречи и потенцијалните кардиоваскуларни потешкотии. Луѓето што обично не пијат многу алкохол можат да добијат аритмија доколку повеќе пати во серија испијат многу алкохол, а згора на тоа изедат и голема количина на храна. Бидете особено внимателни доколку имате постојни проблеми.

Одбијте ја питата од тетка ви

Подобро е да поминете неколку часа со чувство на вина, отколку да се прејадувате само за да ги задоволите роднините. Едноставно кажете – можеби подоцна; и надевајте се дека ќе заборават.

Не дозволувајте долгите ноќи да ве здебелат

Луѓето кои не спијат доволно, со текот на времето се здебелуваат. Овој циклус започнува релативно брзо. Ако поминете неколку непреспани ноќи или пак мора да станете порано неколку дена по ред, вашето тело излачува хормони кои поттикнуваат јадење и зголемување на телесната тежина.

Искористете го викендот за да се наспиете

Кога скусуваме од спиењето, нашето тело создава долг кој потоа мора да го наплати, на еден или друг начин. Доколку не сакате да страда здравјето, мора да го исплатите долгот со дополнително спиење. Ако во текот на работната недела сте спиеле по 1 час помалку, секој ден, тогаш за време на викендот ќе мора да спиете 5 часа повеќе, за да се вратите во нормалниот ритам.

Мерете се секој ден

Нарушувањето на нормалниот ритам на живеење е навистина опасно, бидејќи за многу кратко време може да се здебелите и до неколку килограми. Затоа, важно е да имате предвид како се движи телесната тежина. Мерете се секој ден или во најмала рака пробувајте тесни фармерки, за да не се соочите со дополнителен проблем кога ќе завршат празниците.