КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Што да правите пред и по спиењето за повеќе енергија

Едно од најважните нешта што можете да ги направите за да го подобрите здравјето е да започнете да спиете редовно и квалитетно. Но, ова не е толку лесно колку што изгледа. За да можете да го подобрите циклусот на спиење, потребно е да направите мали подесувања во рутината пред и по спиењето.

Едно од најважните нешта што можете да ги направите за да го подобрите здравјето е да започнете да спиете редовно и квалитетно. Но, ова не е толку лесно колку што изгледа. За да можете да го подобрите циклусот на спиење, потребно е да направите мали подесувања во рутината пред и по спиењето.

Пред спиење

Пред да легнете да спиете, сите услови треба да бидат оптимални за вашето тело да смета дека сакте да спиете во следните 8 часа. Два часа пред да легнете да спиете, избегнувајте директни извори на светлина. Светлината е примарниот фактор што ве одржува будни во текот на денот и поради тоа го отежнува заспивањето. Кога се подготвувате за спиење, сведете ја на минимум вештачката светлина, вклучувајќи ја и онаа од лаптопот, телевизорот, смартфонот и сите други електронски уреди кои ги имате во домот. Ако мора да користите некој уредите, тогаш отидете во добро осветлена соби, наместо да го вклучувате во спалната.

Вежбајте

Вежбањето го забрзува пулсот и ја подобрува циркулацијата на крвта, па на прв поглед се чини дека е токму тоа што треба да го избегнувате ако сакате да заспиете. Но, од друга страна, вежбањето ве изморува, по што ви е неопходно време за опоравување. Откако телото ќе се стабилизира и ќе започне со процесот на опоравување, вие станувате поспани. Сепак, бидете внимателни – за да имате доволно време за стабилизација, закажете ги вашите тренинзи рано наутро или пак попладне, но не подоцна од 18 часот.

Разбистрете ја главата

Ако низ главата ви се врткаат стотици мисли поврзани со изминатиот и утрешниот ден, ќе имате огромни потешкотии при заспивањето. Дури и ако заспиете, анксиозноста ќе го намали квалитетот на спиењето. Последно нешто што сакате во текот на ноќта се грижите, бидејќи на тој начин нема да го добиете одморот што ви е неопходен. За да ја разбистрите главата не мора да правите нешто комплицирано, доволно ќе биде и да посветите 10 минути на медитација и правилно дишење.

Одржувајте константа телесна температура во текот на ноќта

За полесно да заспиете, потребно ви е благо снижување на телесната температура. Токму поради тоа голем број експерти од оваа област препорачуваат топла бања пред спиење. Откако ќе излезете од топлата вода, телото почнува да се лади, а вам ви се приспива. Не ја прегревајте спалната соба, туку оставете ја неколку степени постудена и искористете ги покривачите за да се стоплите до степен кога ќе ви стане удобно. На тој начин ќе можете непрекинато да спиете до утрото.

По будењето

Дури и ако спиете добро, тоа не значи дека можете да скокнете од креветот исполнети со енергија. Секому му е потребно време за да може да се освести по будењето. Спротивно на она што го правите за да заспиете, разбудете со светлина. За разлика од будилниците, светлината е природен и постепен начин за будење во утрото. Ако не можете да го подесите својот распоред за да се будите на изгрејсонце, купете амбиентална ламба што ќе ве буди постепено.

Испијте чаша вода, потоа појадувајте

Појадокот навистина е најважен оброк во денот, затоа што на телото му е потребно гориво, откако поминало повеќе од 8 часа без никаков дотур од храна. Но, пред да појадувате, напијте се чаша вода. Единственото нешто што ви е потребно повеќе од храна рано наутро е водата, со оглед на тоа што сте благо дехидрирани по спиењето. Дополнително, водата делумно ќе го наполни желудникот, што значи дека се намалува веројатноста од прејадување.

Пет минути вежбање

Вежбањето ќе го забрза пулсот и ќе ја подобри циркулацијата, уште рано наутро, па така побргу ќе се освестите од поспаноста. Малкумина луѓе сакаат да вежбаат наутро, бидејќи немаат доволно енергија, но токму вежбањето може да биде лекот за овој проблем. Тоа вежбање дури не мора да биде ниту цел тренинг. Само 5 минути вежби за растегнување ќе завршат работа.