КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Препознајте ги сите симптоми од недостатокот на сон

Дали е единствената последица од недоволното количество на сон е безопасната поспаност во текот на денот? Не! Само една непроспиена ноќ почнува да ги менува сите функции на вашето тело и хроничното лишување од сон може да доведе до бројни сериозни долгорочни здравствени проблеми. Препознајте ги симптомите и земете ги како предупредувачки знак за да започнете да дејствувате сега.

Физички знаци

Недостатокот од сон се одразува и на вашето тело, без разлика дали ви недостасува сон за една ноќ или имате континуитет на недостаток од сон од повеќе недели или денови. Црвените знамиња на кои треба да внимавате се:

  • темни кругови под очите,
  • често трепкање или триење на очите,
  • не се чувствувате свежо,
  • зевање,
  • главоболки,
  • висок крвен притисок,
  • вознемирен стомак,
  • намалување на температурата на вашето тело,
  • болки во мускулите или тремор во рацете,
  • двојно гледање,
  • проблеми со кожата како што се опуштени очни капаци, брчки, побледа кожа и акни,
  • постојан глад или желба за пржена и слатка храна.

Вашиот имунолошки систем страда кога имате лош сон, и можеби почесто ќе почнете да се разболувате, така што тоа е исто така голем знак дека треба да се освестите, и да сватите дека ви недостасува сон или квалитет во спиењето. За време на спиењето, вашето тело произведува протеини кои помагаат во заштитата од инфекции и воспаленија.

Ментални знаци

Многу негативни ефекти од недостатокот од сон не се видливи за надворешниот набљудувач. А тие најчесто се:

  • лажни сеќавања и други оштетувања на меморијата,
  • халуцинации,
  • зголемено ниво на стрес хормони,
  • неможност за обработка на информации, јасно размислување и донесување одлуки и
  • намалена концентрација и внимание.

Недостатокот од сон влијае на вашите емоции

Вашите емоции исто така можат да излезат од контрола и може да чувствувате поголема тага, вознемиреност или претерано реагирате на емоционални дразби. Недостатокот на сон е исто така поврзан со изливи на гнев и агресивно однесување. Можеби ќе бидете и поимпулсивни или ќе кажете работи што не ги мислите. Недостатокот од сон, игра голема улога во проблемите со менталното здравје, како што се депресијата но и самоубиствените мисли. Недостатокот од сон влијае на секое влакно на нашето тело и ум. Како изгледаме, како работиме, како се однесуваме, размислуваме и чувствуваме. Препознавањето на симптомите - а потоа превземање соодветна акција за да го подобриме спиењето ноќ по ноќ - е од клучно значење за нашето здравје и благосостојба.