КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Прирачник за родители

Добро знаеме дека неколкучасовниот одмор, мир и спокојство се единственото нешто кое го посакувате. Ние пронајдовме неколку начини кои може конечно да ви помогнат да се разбудите наспани и одморени.

Ако сте родители, тогаш добро знаеме дека неколкучасовниот одмор, мир и спокојство се единственото нешто кое го посакувате. За вас имаме неколку совети кои ќе Ви помогнат да се разбудите наспани и одморени.

1. Контролирајте што јадете и пиете - кажете стоп на стимулативните средства (кафе, чај)

И покрај тоа што кафето Ве оддржува будни во предпладневните часови, ефектот од кофеинот може да го спречи брзото заспивање. Покрај ова, кофеинот може да го уништи квалитетот на сонот, да не може да спиете цврсто и спокојно.

Исто така треба да го избегнувате конзумирањето на алкохол во текот на неделата, бидејќи алкохолот го спречува природниот ритам на спиење. Резултат - и покрај тоа што сте во кревет, се чувствувате помалку свежи (одморени) утрото кога ќе станете.

2. Препознајте ги знаците на поспаност

Ако ги забележите следните знаци, тогаш Вашето тело копнее за сон:

  • Иако не е типично за Вас, Вие сте нерасположени, нервозни и не се чувствувате добро без некоја особена причина;
  • Имате потешкотии при концентрацијата, ги извршувате своите задачи поспоро;
  • Имате потешкотии слушајќи ги другите и едноставно не можете да запамтите што кажале.

3. Имајте распоред за спиење за целото семејство

Вметнете им нови правила:

  • 1 час пред време за спиење ( легнување ), светлата во домот треба да бидат намалени и звукот на телевизорот или радиото да бидат намалени;
  • Викендот поминете го со прошетка во природа, а не со лежење во кревет;
  • Потрудете се да си легнувате секој ден во исто или приближно исто време;
  • ’Рчењето може да биде избегнато. Ако вие и Вашиот партнер ’рчите, консултирајте се со лекар. ’Рчењето, во поголем број случаи, може да се излечи.

4. Дремнувајте во текот на денот

Првото правило на попладневните дремки: Обидете се да ги избегнете истите доцна попладне или навечер. Доколку не ги избегнувате, ги уништувате сите можности за цврст и опуштен сон.

Купете чепчиња за уши и дозволете Вашиот партнер да ве замени во обврските. Во меѓувреме може да легнете на попладневна дремка.

5. Дешифрирајте го Вашиот дневен биоритам

Набљудувајте се себеси и дознајте кој период од денот имате најмалку енергија. Распределете ги Вашите обврски ( должности ) во часовите кога имате доволно сила за да ги извршувате. Одмарајте се во часовите кога не се чувствувате способни за извршување на било каква друга работа.

6. Сетете се на детството

Присетете се на моментите од детството. Сигурно сте јаделе голем појадок секое утро, во текот на денот следело качување по дрва , а вечерта читање ( слушање ) приказни. Тоа време сигурно не сте имале проблеми со заспивање.

  • Тоа е поради тоа што сте избегнувале тешка храна, алкохол, кофеин и цигари во вечерните часови.
  • Извршувањето на дневните задачи е регуларно ( правилно ). Дури и дневните брзи прошетки се препорачливи.
  • Смирете се пред легнување ( заспивање ) - на пример можете да читате книга.

7. Кога треба да бидете будни на неколку часа

Не подлегнувајте на кафето или на некое друго стимулативно средство. На тој начин практично ги уништувате Вашите три часа пред легнување.

Кога само неколку часа Ве делат од легнување, најдобра алтернатива ќе ви биде некоја активност која ќе Ве освежи. Или смирете ги мислите со пријатен разговор или пак некоја (не премногу напорна) физичка активност.