КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Природни лекови за ублажување на болките

Одењето на лекар е важно кога се соочувате со сериозни болки, но понекогаш, кога се соочувате со мала главоболка, не треба веднаш да одите во посета на матичниот лекар. За таа намена постојат многу природни лекови за ублажување на болките.

Природни лекови за најчестите здравствени проблеми

Одењето на лекар е важно кога се соочувате со сериозни болки, но понекогаш, кога се соочувате со мала главоболка, не треба веднаш да одите во посета на матичниот лекар. За таа намена постојат многу природни лекови за ублажување на болките.

Крварење

Кога ќе се исечете, попрскајте го местото со малку црвен пипер. Можеби мислите дека ова ќе Ве пече, но не само што крварењето бргу ќе запре, туку ќе Ви се намали и болката.

Исфрлања и алергии

Доколку имате сериозни проблеми со алергиите или пак редовно се случува да Ви се исфрли кожата, треба да примате антихистаминска терапија. Но, во случај на спорадични појави, обидете се со природниот и многу поевтин начин – зелен чај.

Овој чај содржи голема концентрација на материи кои имаат антихистамински својства, па со две до три чаши дневно ќе можете да ја држите ситуацијата под контрола.

Гасови

Конзумирањето грав или сиров зеленчук може да Ви создаде проблем со гасовите. За да го спречите ова, обидете се во исхраната да ги вклучите дигестивните зачини: ѓумбир, пеперминт, кориандер, итн. Со нив можете да си подготвите чај или пак да ги вметнете во рецептите за јадењата.

Перут

Еден од најдобрите лекови за отстранување на перутот е јаболковиот оцет. Со него плакнете ја главата и убаво истријте го скалпот. Како и шампоните против перут, и јаболковиот оцет бара редовна употреба и упорност, па пред да се решите за скапите козметички производи, можете да се обидете со природниот начин.

Главоболка и мигрена

Намачкајте ги слепоочниците и вратот со пеперминт или масло од лаванда. Протријте парче свежо исечен лимон на челото. Внесете малку кофеин, преку чаша зелен чај. Доколку чувствувате пулсирање од главоболката, ставете облога од мраз и држете ја дваесеттина минути.

Раздразнето грло

Обично, раздразнетото грло е знак за настинка, па доколку имате и некои придружни симптоми, треба да отидете на лекар. Сепак, за да ја намалите болката и иритацијата, правете гаргара со топла солена вода, а потоа напијте се топол чај со мед и лимон.