КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Ранобудноста ќе ве направи поздрави

Во просек, ранобудниците се посреќни, послаби и поздрави во споредба со ноќните птици. Личностите што се будат порано се и попродуктивни, покажуваат подобри резултати на работното место и заработуваат повеќе пари.

Ранобудниците имаат повеќе време за вежбање

Многу често, луѓето што се будат рано го отпочнуваат денот со вежбање. Тоа објаснува зошто имаат подобро расположение во текот на денот, но и зошто се просечно послаби од оние што сакаат да спијат до подоцна. Утринското вежбање предизвикува излачување ендорфини, хормони кои го подобруваат расположението, а воедно, со утринско вежбање се намалуваат шансите да пропуштите тренинг поради непредвидена ситуација.

Ранобудниците внесуваат помалку калории

Последното истражување универзитетот Нортвестерн покажа дека луѓето кои се будат рано наутро, во просек внесуваат 248 калории помалку од оние што поспиваат. Воедно, тие јадат и многу повеќе овошје и зеленчук. Според овие параметри, воопшто не е чудно што ранобудниците имаат понизок индекс на телесната маса.

Ранобудниците се посреќни

Во друга студија, направена од страна на Американската психолошка асоцијација, било откриено дека ранобудниците се многу порасположени од оние што спијат подоцна. Уште поважно, било ткриено дека луѓето постари од 60 години (кои во најголем процент се ранобудници) се посреќни од младите, кои најчесто се ноќни птици.

Ранобудниците се поздрави

Едно заедничко нешто за сите студии на оваа тема е фактот што ранобудниците во просек го оцениле своето здравје како многу подобро во однос на ноќните птици. Раното станување не само што ве прави повнимателни и ви дава повеќе енергија, туку од тоа има корист и имунолошкиот систем. Како бонус, било заклучено дека ранобудниците се соочени со далеку помалку стрес во животот, најмногу поради фактот што имаат повеќе време за планирање на дневните активности.