КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

’Рчењето ускратува до 23 дена сон

Најтешката разлика во љубовта е ’рчењето. Ако мажот во една врска ’рчи, неговата партнерка ќе загуби дури и до 23 дена сон како последица на гласните звуци.

Најтешката разлика во љубовта е ’рчењето. Ако мажот во една врска ’рчи, неговата партнерка ќе загуби дури и до 23 дена сон како последица на гласните звуци.

Просечно, во текот на една година, жените што спијат во ист кревет со партнер што ’рчи губат речиси 23 дена сон, како последица на гласното ’рчење. Една третина од нив, по продолжената изложнесот на гласните звуци и неможноста добро да се одморат, заминуваат да спијат во друга соба.  Според поголемиот дел од истражувањата, мажите се виновни за недоволниот сон на своите партнерки, т.е. мажите се тие што ги бркаат од заедничката постела со своето гласно ’рчење. Но, една британска студија на истата тема вели дека постојат и спротивни случаи.

Приближно 39 проценти од сите испитаници (и мажи и жени) губат по час и половина секоја ноќ поради гласното ’рчење на партнерот. Кумулативно, тоа се 23 дена во текот на една година. Во студија во којашто учествувале 2 и пол илјади мажи и жени, 24 проценти од учесниците се изјасниле дека жените ги будат во текот на ноќта за да престанат да ’рчат, а 41 процент од учесничките изјавиле дека мажите силно ги вознемируваат со своето ’рчење.  ’Рчењето, според сите медицински експерти, најчесто е медицински проблем и се должи на некој вид блокада во задниот дел од грлото. Постојат повеќе третмани за оваа состојба, некои поуспешни од други, но до сега не е пронајден траен лек.

Токму затоа докторите препорачуваат спиење во различни соби за оние парови кај кои еден од партнерите има потешка форма на овој проблем.