КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Што е сонот?

Што се случува со Вас додека спиете и какво влијание има тоа врз Вашето тело?

 

Што всушност ни се случува додека спиеме?

Знаеме дека функциите во организмот се забавуваат, поради што кон крајот на денот веќе чувствуваме замор и намалување на нивото на енергија. Тогаш си легнуваме, ги затвораме очите и следно нешто што слушаме е будилникот. Но всушност, нашиот мозок е многу активен додека спиеме, скоро на истото ниво на активност како и кога сме будни.

Во нормални услови, додека спиеме, поминуваме низ две фази: фаза на длабок сон, и РЕМ фаза.

Фазата на длабок сон, започнува половина час по заспивањето и целосното опуштање на организмот. Оваа фаза трае околу 40 минути. За време на оваа активна фаза, во која повеќето соништа се јавуваат, останатиот дел од телото е целосно неподвижен.

Следува РЕМ фазата, кога нашиот мозок ги процесира сите сетилни информации присобрани во текот на денот. Оваа фаза ја доживуваме неколку пати во текот на ноќта. Ако се разбудиме додека трае РАМ фазата, подобро ќе се сеќаваме на сонот кој сме го сонувале. Кон крајот на ноќта, фазата на длабок сон постепено се скратува и сонот станува полесен. За време на фазата на длабок сон, се создава хормон (STH – somatotropin) кој многу е значаен за виталноста на нашиот организам. Овој хормон го прави телото отпорно на стрес и напор.

Колку е подолга фазата на длабок сон, толку подобро ќе се чувствувате во текот на денот.