КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Што вашата насмевка открива за здравјето

Здравите заби не се важни само заради намалување на сметките кај стоматологот. Всушност, здравите заби ве заштитуваат од целата палета здравствени проблеми. Ова се петте најдобри причини зошто треба подобро да се грижите за своите заби.

Здравите заби не се важни само заради намалување на сметките кај стоматологот. Всушност, здравите заби ве заштитуваат од целата палета здравствени проблеми. Ова се петте најдобри причини зошто треба подобро да се грижите за своите заби.

Срцеви заболувања и мозочен удар

Бројни студии во минатото покажаа и докажаа дека бактериите од забите и непцата можат многу лесно да навлезат во крвотокот и да доведат до запушување на артериите и зголемување на ризикот од срцев и мозочен удар.

Дијабетес

Докторите одамна знаат дека пациентите што боледуваат од дијабетес тип 2 имаат зголемена појава на заболувања на забите и непцата, но во една неодамна објавена научна студија било заклучено дека ефективната грижа за здравјето на усната празнина може во голема мера да го намали ризикот од појава на оваа болест.

Респираторни инфекции

Редовната орална хигиена и одржувањето на здравјето на усната празнина може, исто така, да ви помогне во заштитата на здравјето на белите дробови. Последните истражувања потврдуваат дека луѓето што страдаат од пневмонија, акутен бронхитис, инфекции на горниот респираторен тракт и сл. имаат полоша здравствена состојба на забите и непцата од контролните групи. Најверојатно, причината за ова лежи во фактот што луѓето што страдаат од заболувања на усната празнина имаат зголемено присуство на бактерии во грлото.

Рак на дојка

Научниците секојдневно пронаоѓаат нови врски помеѓу оралното здравје и целокупното здравје. Една од последните студии, направена во Шведска, потврдила дека жените имаат  преку 11 пати зголемен ризик од рак на дојка, доколку имаат воспалени непца и извадени заби. Иако се очекуваат дополнителни информации за потврда на наодите, сепак и ова е доволна причина за подобра грижа за забите и непцата.

Проблеми во бременоста

Според статистиките, речиси половина од бремените жени во некој период од бременоста развиваат гингивитис (воспалување на непцата, крварење, потекување итн.), што ако не се лекува може да доведе до посериозна форма на парадентоза. Посериозна инфекција би можела да доведе и до компликации при породувањето. За да бидете сигурни, внимателно четкајте ги забите, чистете ги со конец и редовно посетувајте го својот стоматолог.