КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Немирни нозе кои го пореметуваат сонот

Синдромот на немирни нозе се поврзува со стрес и нарушувања од емоционална природа, а како дел од проблемите со спиење и со несоницата и дневната поспаност.

Во последно време се повеќе се зборува за синдромот „немирни нозе“ кој долго време бил сметан за своевидна измислица, пред сè од оние кои што сметале дека станува збор за случајност која ја доживуваат додека спијат, а не за нешто на кое треба да му се посвети повеќе внимание или евентуално да се побара стручна помош.

Дури и доколку сметале дека им е потребна помош, со оглед на природата на болеста која го пореметува сонот и воедно нервира, не ја барале бидејќи верувале дека нема ни да ја добијат и дека лекарите нема да ги сфатат сериозно.

Но, во последно време и лекарите посветуваат поголемо внимание на различните начини на лекувања на ова пореметување, кое според најновите истражувања е доста присутно кај луѓето.

Според тоа се покажало дека таканареченииот синдром на немирни нозе е многу честа појава кај луѓето, а посебно кај повозрасните. Овој синдром е тесно поврзан со пореметувања во спиењето, бидејќи во најмногу случаи се јавува додека личноста спие или едноставно одмора во легната положба.

Симптомите кои се јавуваат кај личноста која пати од овој синдром, главно се неудобност во стапалата, или тн. чувство како да им горат нозете, или чувство на чешање, пецкање, морници по кожата, па дури и вистинска болка. Како последица на тоа се јавува силна потреба за поместување на нозете – чувство кое како што споменавме е поизразено за време на лежење или спиење.

Најирититачко чувство е всушност што личноста не може да заспие поради неугодност и потреба од постојано поместување на нозете, а дополнителна сол на рана е дека кога по долгото поместување неугодноста ќе ја снема, по задремувањето, за кратко време повторно ќе се појави и ќе го наруши сонот.

Синдромот на немирни нозе се поврзува со стресот и нарушувањата од емоционална природа, а како дел од проблемите со спиење и со несоницата и дневната поспаност.

Причинител за овие појави е или во наследните тешкотии или во бројни други болести од кои пациентот може да пати, како реума, дијабетис, недостаток на железо во организмот, проблеми со бубрезите, оштетување на нервите и сл.

Дијагнозата е многу едноставна, па дури и не бара посетување на специјалисти – во текот на ноќта овој синдром го чувствува не само лицето што пати од него, туку и онаа личност со која го дели креветот, со оглед на тоа дека постојаното поместување на нозете може да биде проблем за секој кој е во креветот. Лек за овој синдром сèуште не постои. Научниците немаат откриено начин како да го отстранат, но доколку се отстранат евентуалните причинители (болестите кои ги споменавме), се претпоставува дека и синдромот на немирни нозе може да исчезне.

Овој синдром може да се намали и со едноставни методи на лечење, како топла купка и користење на ароматизирани масла, како би ги смириле сите неугодни чувства во нозете. Масажа со масла е исто така препорачлива, како и умерени вежби наутро, веднаш по будењето.

Секако, сите останати начини за ослободување од стресот, со кои би се намалил овој синдром можат да помогнат. Но, ако сами не можете да си помогнате, обратете му се на Вашиот матичен доктор и посоветувајте се.