КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Со спиење до поубава и поздрава кожа

Негата на кожата е работа која никогаш не завршува. Едноставно, мора постојано да посветувате внимание, затоа што секоја грешка ќе остане запишана на кожата да Ве потсетува на негрижата. Прочитајте како најлесно да ја негувате Вашата кожа додека спиете.

Негата на кожата е работа која никогаш не завршува. Едноставно, мора постојано да посветувате внимание, затоа што секоја грешка ќе остане запишана на кожата да Ве потсетува на негрижата. Прочитајте како најлесно да ја негувате Вашата кожа додека спиете.

Купете си сатенска навлака за перница

Овој материјал е толку нежен што ќе ѝ овозможи на кожата на лицето да се лизга по него кога се поместувате во текот на спиењето, наместо да се насобира и да се извиткува, како што тоа се случува на погрубите материјали.

Носете чорапи и ракавици за спиење

Огромен број жени нанесуваат креми за хидратација на нивните дланки и стапала пред да си легнат. Но, најголемиот дел од нив забораваат дека сонот трае долго време и дека нанесените креми треба да се задржат на кожата доволно долго за да бидат впиени. Облечете тенки чорапи и ставете тенки ракавици за корисните ефекти од кремата за хидратација да бидат ползувани од кожата, наместо да се загубат во постелнината.

Научете да спиете на грб

Спиењето со лицето залепено на перницата не е особено корисно за кожата. Ако имате потешкотии да спиете на грбот, обидете се со ставање перница под колената. На тој начин ќе ја зголемите удобноста и ќе можете да останете во таа положба цела ноќ.

Подигнете ја горната страна од креветот

Ставањето блокови под ногарките од горната страна на креветот ќе ја подигне страната на која лежите со главата, со што ќе се спречи нерамномерната циркулација на крвта и подувањето на подочниците. Дополнително, може да помогне да се намали ’рчењето на сопругот, бидејќи на тој начин може да се отворат дишните патишта.