КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Со вистински душек до подобри резултати на училиште

Сите го сакаме само најдоброто за нашите деца, вклучувајќи го секако и успехот на училиште. Тука влијаат многу фактори, а на некои од нив сигурно нема да се сетите.

Сите го сакаме само најдоброто за нашите деца, вклучувајќи го секако и успехот на училиште. Тука влијаат многу фактори, а на некои од нив сигурно нема да се сетите.

Еден од најважните фактори кои придонесуваат кон остварување на одлични резултати на часовите е добриот сон, а тој пак зависи од душекот кој го користите.

Несоодветниот душек влијае на квалитетот на сонот

Душекот на кој спие вашето дете е многу важен за неговиот сон. Ако душекот е со слаб квалитет или е многу стар и користен може многу лесно да предизвика болки во вратот и во грбот и тоа не само кај повозрасните лица туку и кај децата. Најлошо е тоа што може да доведе и до проблеми во растот и развојот на вашето дете.

Вистински душек за одличен сон

Вистинскиот душек е значаен за добар сон бидејќи тој ја нуди вистинската поддршка и создава безбедна средина за вашето дете. Затоа многу е важно внимателно да одберете анатомски душек кој ќе ги исполнува сите потреби на вашето дете.

Душекот мора да го има вистинското ниво на цврстина; без оглед дали ќе се одлучите за цврст или мек душек, најважно е јадрото на душекот да биде доволно цврсто и да ја дава потребната поддршка. Со време секој душек ја губи својата цврстина, па затоа мора да се водите според упатствата на производителот и да го менувате душекот кога тој ќе ги изгуби своите својства.

Големината на душекот е, исто така, важна; децата растат брзо па затоа внимавајте на должината на душекот. Не заборавајте да се фокусирате и на ширината на душекот; иако најверојатно просторот со кој располагате е ограничен, доколку детето често се превртува во сон значи дека на вашето дете му е потребен поширок душек.

Квалитетниот сон е клучен за истакнување на училиште

Многу е лесно да го подобрите влијанието кое сонот го има на резултатите на вашето дете. Ако детето нема талент за математика вие тука не можете ништо да направите, но ако не може да се сконцентрира на домашната по математика затоа што не е наспано убаво – е тогаш вие сте на ред. Извадете ги телевизорот и компјутерот од спалната и истата наменета ја само за спиење. Експертите велат дека сите непотребни звуци и светлина можат негативно да влијаат на квалитетот на спиењето.

Последици

Најверојатно сите знаеме кои се последиците од недостаток на сон кај детето: раздразливост, проблеми со фокусирање, заборавеност и недостаток на енергија. Сето ова влијае на намалување на нивниот успех на училиште.

Како до успех

Осигурајте се дека вашето дете има правилен ритам за спиење, декорирајте ја детската соба според неговите потреби, создадете му удобно и безбедно катче за одмор и, секако, одберете го вистинскиот душек.