КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Со здрави навики за спиење до подобар метаболизам

Сите сакаме добро да се наспиеме навечер. Сонот е многу важен за функцијата на мозокот, енергијата, обновување на клетките и подобрување на расположението. Се изгледа подобро по мирно преспиена ноќ.

Сите сакаме добро да се наспиеме навечер. Сонот е многу важен за функцијата на мозокот, енергијата, обновување на клетките и подобрување на расположението. Се изгледа подобро по мирно преспиена ноќ.

Меѓутоа, многумина немаат можност да спијат доволно и како резултат на тоа се чувствуваме хронично ненаспани што води кон појава на одредени симптоми како што е зголемената чувствителност на инсулин.

Ако се обидувате да ослабете, спиењето е многу важно. Според одредени истражувања, лицата кои спијат 4-5 часа во текот на ноќта, имаат 30% помала чувствителност на инсулин во масните клетки.

Чувствителноста на инсулин е многу важна за движење на глукозата во клетките што помага, помеѓу другото, и во слабеењето. Колку е почувствителна клетката, толку е полесно инсулинот да ја врши својата работа, односно да го одржи балансот и да го оневозможи зголемувањето на килограмите. Како што клетката ја губи својата чувствителност, таа станува отпорна на инсулин и таквата состојба може да доведе до дијабет, зголемено ниво на инсулин и зголемување на масните наслаги.

Оние кои спијат 6-7 часа во текот на ноќта имаат повисоко ниво на чувствителност на инсулин во споредба со оние кои спијат подолго. Оттука може да се дојде до заклучок дека, како и во се во животот, и во спиењето треба да бидеме умерени. Ова е навистина важно бидејќи навиките за спиење треба да се стекнуваат кај децата од најмала возраст.

Многумина имаат проблем да заспијат или пак да продолжат да спијат. Ненаспаноста води кон други проблеми во текот на денот како што се замор, проблеми со памтењето, вниманието и концентрацијата како и промени во расположението.

Постојат неколку едноставни работи кои се значајни да ги правите за добар сон. Иако повеќето изгледаат навистина едноставни, речиси и воопшто не ги практикуваме.

Прво, легнете си порано. Обидете се да го ресетирате вашиот часовник и да си легнувате во “нормално време“.

Второ, обидете се да се опуштите. Не размислувајте за тоа како сте го поминале денот, за тоа што треба да направите или пак за тоа што ве загрижува.

Трето, исклучете го телефонот и компјутерот и тргнете ги сите работи кои испуштаат звуци подалеку од креветот во текот на ноќта.

Четврто, не јадете шеќер и не пијте алкохол пред легнување бидејќи овие состојки причинуваат почесто да се будите во текот на ноќта.

Петто, имајте предвид некои здрави навики пред спиење како што е шолја чај, длабоко дишење или пак 5 минути тивка медитација.

Фокусирајте се на позитивните работи кои ви се случиле за да го завршите денот среќни.