КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети за подобрување на квалитетот на вашиот сон

Дали ви недостасува времето кога лежевте во кревет и веднаш заспивавте, а потоа наутро се будевте свежи и полни со енергија? Во денешно време, вашите ноќи не се како некогаш: не можете да заспиете долго време поради милион грижи и потоа кога конечно ќе заспиете, дури и мал звук може да ве разбуди. Потоа рано наутро се будите уште поуморни од вечерта. Ако сакате да го подобрите квалитетот на спиењето, а со тоа да го подобрите и квалитетот на вашиот живот, следете ги следниве совети.

Совет 1: Водете дневник за спиење

Можеби ви звучи смешно и детски, но дневникот за спиење може навистина да ви помогне ако се обидувате да го подобрите квалитетот на вашето спиење. Можете да искористите некоја стара тетратка и сл. но важно е дневникот за спиење секогаш да биде покрај вашиот кревет. Треба да го запишувате точното време кога сте заспале, како и времето кога сте се разбудиле. На овој начин ќе водите евиденција за тоа колку спиете. Исто така треба да го запишете и вашето вообичаено време за легнување и станување. На овој начин ќе одредите колку време навистина ви треба за да запиете со цел полесно да го прилагодите вашиот дневен распоред на вашите потреби.

Совет 2: Одете во кревет што е можно порано

Ова е мал совет кој сигурно сте го слушнале милион пати кога сте биле дете, но сега можеби е вистинското време да го послушате. Сите знаеме за митот дека еден час спиење пред полноќ е вреден два часа после полноќ. Во ова има и вистина. Нашето тело е програмирано да се чувствува уморно и сака да спие штом сонцето зајде, го следи ритамот на природата што значи дека веќе околу 6 часот треба да сме во кревет, што реално е невозможно. Но, дефинитивно треба да ги облечете пижамите и да си легнете пред полноќ. Ако успеете да си легнете пред 22 часот, тогаш ќе бидете на вистинскиот пат за подобар сон и ритам на спиење.

Совет 3: Исклучете ги уредите што може да ве вознемират

Дали спиевте многу подобро кога бевте деца? Секако, имавте помалку проблеми, помалку грижи и покрај тоа, во собата немавте телевизор, лап-топ, мобилен телефон или пак таблет. Сите овие работи го намалуваат квалитетот на вашиот сон, па затоа оставете ги во друга соба. Штом ќе ги извадите сите извори на светлина и бука во вашата спална соба тогаш сигурно е дека ќе спиете многу подобро. Дали ве вознемируваат соседите? Земете си меки слушалки- проблемот е решен.

Совет 4: Бидете поактивни

Одличниот сон е исто така резултат на замор и поради таа причина треба да се грижите и навистина да го „заработите“. Можеби мислите дека навистина сте исцрпени, но тоа е само ментален замор, кој е резултат на стрес, грижи и други непријатни работи. Физичкиот замор е нешто сосема различно –ретко кој го искусува во денешно време.

Вклучете повеќе активности во вашиот ден. За почеток, активна прошетка на свеж воздух ќе биде доволна и потоа ќе можете да ја проширите вашата вежба со други активности. Физичкиот замор значително ќе го подобри квалитетот на вашиот сон- и истовремено ќе забележите дека металниот замор ќе почне да се намалува.

Совет 5: Легнете си во чист кревет

Ова е совет кој на прв поглед е очигледен, но ќе бидете изненадени ако знаете колку луѓе не размислуваат за тоа! Креветот е лежиште на прав, бактерии и непријатни миризби. Ова дефинитивно не е средина во која ќе можете лесно и мирно да спиете, па затоа вашиот кревет треба секогаш да биде свеж и чист.

Менувајте ја постелнината барем еднаш неделно, а навлаките на перницата менувајте ги почесто. Иако вашиот кревет изгледа чисто, сепак може да има прашина која има лошо влијание на квалитетот на вашиот сон. Тоа е причината поради која треба да посветите внимание на тоа целосно да ја исчистите спалната соба и да ги почекате резултатите.

Совет 6: Одбегнете го консумирањето на стимуланси

Сите знаеме дека не е паметно пред легнување да консумирате кафе, зелен чај или пак  газирани пијалаци кои содржат кофеин. Но сепак често забораваме и попладне пиеме кафе, а потоа жалиме за тоа. Исто така треба да обрнете внимание на фактот дека кафето кое го пиеме наутро исто така може да го намали квалитетот на спиењето.- иако мислите дека не може толку долго да трае ефектот. Ако мислите дека стимулансите имаат лош ефект врз вашиот сон – па дури и ако мислите дека немаат – избегнувајте ги! Најверојатно е дека ќе бидете изненадени од резултатите.

Совет 7: Дишете длабоко

Кога лежите во кревет или пак кога спиете, треба едноставно да се сконцентрирате на длабоко дишење. Заборавете на своите грижи, идеи и обврски – пробајте да постигнете состојба на празни мисли. Сконцентрирајте се на вашето дишење – на крајот ќе го ослободи вашето тело и ум и ќе ви помогне едноставно да потонете во длабок сон. На почетокот длабокото дишење може да биде вистински предизвик, но за брзо време ќе ги видите позитивните резултати и од оваа релаксирачка вежба.