КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

И на тинејџерите им е потребен сон

Спиењето до пладне и генералното нерасположение се типични одлики на тинејџерите. Но, не треба да се игнорираат бидејќи можат да бидат причини за сериозни здравствени нарушувања.

Спиењето до пладне и генералното нерасположение се типични одлики на тинејџерите. Но, не треба да се игнорираат бидејќи можат да бидат причини за сериозни здравствени нарушувања.

Освен што негативно влијае на социјализацијата и дневното расположение, нарушениот ритам на спиење во тинејџерските години води и до психолошки нарушувања. Депресијата, која е сè поприсутна кај тинејџерите, може да биде предизвикана од несоница или од предолго спиење (хиперсомниа).

Затоа, ако сте тинејџер (или имате дома таков) еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги подобрите навиките на спиење:

  •  Легнувајте во исто време. Планирајте си го времето за спиење и будење секој ден отприлика исто време. Ова ќе ви помогне да се навикнете секој ден во исто време да станувате и се будите.
  • Без кратки прилегнувања преку ден. Иако не сте спиеле во текот на ноќта, не легнувајте во текот на денот. Телото ќе се навикне во кое време да спиете и да се будите. Дневното спиење само ќе ви ја отежни работата.
  • Отстранете ги уредите кои ви го одвлекуваат вниманието. Спалната треба да ви биде место за спиење, затоа ставете ги компјутерот, телевизорот и радиото во дневната соба. Тие само ви го одвлекуваат вниманието и ве оддалечуваат од спиењето.
  • Станете од кревет. Ако не можете да заспиете, станете од креветот. Може да читате книга, па штом Ви се приспие - да си легнете.
  • Направете список со обврските за следниот ден, па нема да Ви се вртат во главата постојано и да Ве оставаат без сон.
  • Избегнувајте кофеин и алкохол. Кафето прави да се чуствувате будни, дури и кога сте многу изморени. Затоа, избегнувајте го како и алкохолните пијалоци кои Ви ја одложуваат дремката.
  • Вежбајте. Направете неколку вежби, барем 3 часа пред да легнете. Ќе Ве изморат и релаксираат, а и ќе заспиете побрзо.
  • Мислете позитивно. Мислете на нештата што Ве прават среќни, а не на оние кои Ве вознемируваат.