КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети за подобар сон на Вашето бебе

Најсреќниот момент во животот на секој родител е доаѓањето на новиот член во семејството. Тоа носи многу радост, убави моменти, но и многу непроспиени ноќи. Затоа ви нудиме неколку едноставни трикови за подобро ноќно спиење.

За подобро спиење на вашето бебе

Најсреќниот момент во животот на секој родител е доаѓањето на новиот член во семејството. Тоа носи многу радост, убави моменти, но и многу непреспиени ноќи. Затоа, ви нудиме неколку едноставни трикови за подобро ноќно спиење.

Клучот е во рутината

Бебињата кои често се будат во текот на ноќта најчесто спијат подолго. Иако можеби вие не сте ранобудници и се обидувате да ја надоместите непроспиената ноќ спиејќи подолго, подобро навикнете го вашето бебе да ја преспива ноќта и да се буди рано наутро. На овој начин бебето ќе стекне рутина и бројот на непроспиени ноќи значително ќе се намали.

Скратете го попладневниот одмор

Кога го ставате вашето бебе на спиење во текот на попладневните часови, никогаш не ја затемнувајте собата во која спие. Добро осветлената соба ќе овозможи краток попладневен одмор и долго спиење во текот на ноќта.

Зголемете ги дневните оброци

Децата се особено чувствителни на она што се случува околу нив и секој детал може да го привлече нивното внимание. Затоа препорачуваме во текот на денот доењето на бебето да биде во тивка и затемнета просторија. Почестото доење во текот на денот овозможува помирни ноќи.

Избегнувајте тешење

Бебињата имаат добро развиен рефлекс за цицање и тоа е причината поради која родителите се обидуваат да ја задоволат таа нивна потреба во секое време. Подобро навикнете го вашето дете да ја задоволува потребата за цицање за време на доењето.

Доење - што подолго!

Мајчиното млеко е најдобрата храна за секое дете, затоа препорачуваме - обидете се да го доите своето дете колку што може подолго. Одредете време за доење и поттикнувајте го да испие повеќе. Бебињата сакаат да се милуваат во текот на доењето или пак да заспиваат.

Направете смирувачка атмосфера пред спиење

Бебињата се спокојни кога чувствуваат блискост. Тоа е многу важно за нив да бидат мирни и опуштени во раните вечерни часови и им овозможува полесно да заспијат. Затоа ви препорачуваме - гушкајте го бебето пред спиење. Атмосферата пред спиење мора да биде смирена бидејќи на тој начин вашето дете ќе може да се опушти и полесно да заспие. Доколку правите нешто што го возбудува бебето, тоа потешко ќе заспие. Ако топлата бања го смирува, бањајте го секоја вечер, но доколку го возбудува - бањајте го во текот на денот.

Будење во текот на ноќта

Доколку вашето дете се буди во текот на ноќта, можеби е гладно. Затоа е најдобро да го нахраните и да го вратите во креветчето. Правете го тоа во темна просторија и избегнувајте менување на пелените и слични нешта кои може да го разбудат. Бебето мора да се навикнува на фактот дека ноќта е наменета за спиење, а на тој начин полесно ќе заспива повторно по доењето. Децата претставуваат вистински предизвик кој често бара многу внимание, труд и време. Затоа, грижете се и за себе, одморете се додека бебето спие, прошетајте, релаксирајте се, бидејќи единствено на овој начин ќе имате доволно сила за уште еден активен и опуштен ден со своето бебе.