КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети за поздраво готвење

Печете на скара, барите и, ако сте како најголемиот дел од луѓето, списокот со трикови за поздраво готвење ви завршува тука. Зошто да не се разграните и да посегнете по други методи?

Печете на скара, барите и, ако сте како најголемиот дел од луѓето, списокот со трикови за поздраво готвење ви завршува тука. Зошто да не се разграните и да посегнете по други методи? Се работи за изненадувачки лесни методи за готвење, кои ќе ви овозможат да создадете и да зготвите оброци кои ќе бидат пријатни не само за сетилото за вкус, туку и за вашата линија.

Блендирање

Ставете зеленчук во бледнер и направете густа, кремаста смеса без да додавате павлака или други додатоци за згуснување. Ова е одличен трик за приготвување сосови и супи. Блендирајте компири за супа, уште додека се жешки (ако дозволите компирите да се изладат, ќе станат тегави). Рачните блендери уште полесно се користат и се чистат од традиционалните, а нивната цена постојано паѓа.

 Фламбирање

Карамелизирањето на површината на храната на многу висока температура овозможува задржување на максимум вкус, со употреба на минимум масти. Без разлика дали се работи за стек, риба или зеленчук, не го преполнувајте тавчето, зашто така ќе ја изгорите храната, наместо да добиете длабок, одличен вкус. Кога ќе го додадете сосот, не заборавајте да ги соберете сите делчиња останатите на тавчето, за да го добиете полниот вкус.

Поширање

Поширањето (крчкање на тивок оган во каква било течност), не само што ви овозможува да готвите без маснотии, туку ја одржува храната мека и сочна. Поширањето е одлично за јајца, лосос и круши, а најдобри резултати се добиваат кога се користи ароматизирана чорба.

Пакување

Готвењето во пакувањње (всушност барење во добро спакувано пакетче во рерна) е француска тајна во готвењето, особено при готвењето риба. Исто така, на овој начин се добива естетски пригодно јадење. Зеленчукот и компирите исечкајте ги потенки, за да се зготват во исто време со рибата. Ако немате специјална хартија за пакување, сличен ефект ќе постигнете со алуминиумска фолија.