КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети за предигра за мажи

Предиграта е едно од нештата што на жените никогаш нема да им здодее. Во просек, жените се многу емоционални суштества кои имаат потреба да уживаат во предиграта. Зошто да не го искористите тоа во своја полза?

Предиграта е едно од нештата што на жените никогаш нема да им здодее. Во просек, жените се многу емоционални суштества кои имаат потреба да уживаат во предиграта. Зошто да не го искористите тоа во своја полза?

Зборувајте, задевајте...

За голем број жени, моќта на сугестијата (особено валканото зборување) може да биде исто толку моќно искуство колку и самиот сексуален чин. Доколку започнете да објаснувате каде сакате да ја допирате, на кој начин и со кои делови од телото, таа веднаш ќе го визуелизира и ќе го посака тоа, со голем интензитет. Ако знаете како да имате секс со најголемиот сексуален орган, мозокот, таа ќе ве моли да имате секс со остатокот од телото.

Започнете во јавност

Предиграта не мора да биде ограничена помеѓу четирите ѕида од спалната соба. Доколку на двајцата ви е удобна помислата, направете нешто диво и непромислено во јавност, пред да си дојдете дома. Обидете се да ја возбудите со неочекуван допир на задникот, градите итн., во ресторан, бар или на сред улица. Бакнете ја страстно. Потоа упатете се дома.

Стриптиз

Стриптизот веќе не е уживање само за мажи. Жените обожаваат кога мажите се соблекуваат со танц. Тоа не значи дека треба веднаш да купите шипка и да ја поставите во спалната соба, но потрудете се при соблекувањето да изведете неколку заводливи потези, кои сигурно ќе ја здиват вашата партнерка.

Прсти и орално задоволство

Секоја жена е различна и според тоа сака да биде допирана различно. Сепак, одредени техники се ефективни кај огромното мнозинство жени. Игрите со врвовите од прстите врз нејзината вагина, како и пружањето орално задоволство ќе ја возбудат до тој степен што потоа едноставно ќе мора да ве има.

Визуелна стимулација

Ако вашата девојка ужива во филмовите за возрасни, тогаш порното е совршен начин да се „загреете“ за главниот чин. Одберете некој филм што не содржи екстремни сцени и е поприфатлив за женската публика и пуштете го. Потоа, одолевајте на допирите некое време, дозволете таа првично да добие визуелна стимулација. Потоа, пристапете кон нежно бакнување, прво на усните, потоа на вратот, па потоа дозволете вашата имагинација да ве води до крајот на патешествието.