КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети за спречување на прераното будење

Некои луѓе не можат да заспијат до доцна во ноќта, па потоа редовно се успиваат. Други пак, се будат во среде ноќ и потоа не можат да заспијат и целиот ден им поминува во полузаспана состојба. Ако сте еден од овие луѓе, прочитајте неколку совети што можат да го ублажат овој проблем.

Некои луѓе не можат да заспијат до доцна во ноќта, па потоа редовно се успиваат. Други пак, се будат во среде ноќ и потоа не можат да заспијат и целиот ден им поминува во полузаспана состојба. Ако сте еден од овие луѓе, прочитајте неколку совети што можат да го ублажат овој проблем.

Разбудени сте без причина и главата Ви е полна со грижи

Најчестиот проблем во вакви случаи е фактот што знаете дека мора да се релаксирате за да заспиете и да се одморите, но анкциозноста и грижите не Ви дозоволуваат. Затоа, обидете се со: Зачувување на темнината. Кога ќе се разбудите, собата нека Ви остане темна. Чувајте батерија до креветот или пак ламба за да можете да се снајдете со одењето во тоалетот, но не ги вклучувајте светилките или пак телевизорот или компјутерот.

Поставете го часовникот подалеку. Доколку постојано го проверувате часовникот и пресметувате колку време сте останале будни, дополнително ја зголемува анкциозноста и го подигнува нивото на паника од намаленото време за спиење што Ви преостанува.

Запишете ги грижите. Откако мислите ќе запишете на парче хартија, тоа е исто како да сте ги исфрлиле од главата. Доколку често Ве мачат мисли за утрешниот ден, започнете да водите дневник и полесно ќе можете да го зачувате сонот до утрото.

Станувате за да појдете во тоалет и потоа не можете да заспиете

Без разлика дали се случува еднаш или постојано се повторува, станувањето за одење во тоалет може сериозно да ја наруши РЕМ фазата од сонот, што го оневозможува квалитетното одмарање. Најдобар начин да се справите со овој проблем е превенцијата: Пијте течности преку ден, но не навечер. Експертите велат дека ако пиете доволно течности во текот на денот, можете да престанете да пиете течности по 20 часот, т.е. 19 часот доколку си легнувате порано.

Консултирајте се со матичниот лекар за проблемите со мочниот меур.  Ако страдате од некое нарушување на мускулите на мочниот меур, може да се соочите со ноќи во коишто постојано ќе одите во тоалетот. Токму затоа треба да побарате стручна помош за справување со овие проблеми.

Внимавајте на скриените течности. Не јадете супа или сочно овошје најмалку три часа пред легнување. Доколку имате супа за вечера, оброкот нека Ви биде порано во вечерта.

Нештата наоколу не Ви дозволуваат да спиете

Светло, звуци, температурни промени, вибрации – сите овие нешта го ставаат Вашиот организам „на штрек“. Последните истражувања велат дека и кога не се будите потполно од стимулансите во Вашето опкружување, доживувате прекини на сонот. Мракот нека Ви стане пријател. Проверете ја спалната соба. Елиминирајте ги сите извори на светлина. На тој начин и полесно ќе заспиете и спиењето ќе Ви биде помирно и што е најважно, без прекини.

Намалете ја топлината. Ако имате греалка што постојано се вклучува и исклучува, таа ќе Ви биде прв непријател на сонот. Спалната соба секогаш треба да Ви е постудена за квалитетен сон, па ако сте од оние луѓе што не можат да заспијат во студено, земете си уште еден покривач.

Проверете го домот. Ако крцкањето на вратата редовно Ве буди, подмачкајте ги шарките. Доколку подот над Вашата спална крцка, ставете ќилим.  Можеби на почетокот ќе Ви изгледа смешно што толку време им посветувате на деталите во домот, но кога ќе започнете мирно да спиете, сето тоа ќе се исплати.