КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Зошто не можете да спиете навечер

Најголем дел од луѓето во светот не спијат доволно и не спијат редовно. Иако спиењето е столб на доброто здравје, модерниот начин на живот го зема својот данок. Но, не секогаш немањето време е причина за недоволниот одмор. Прочитајте зошто не можете да спиете.

Недоволно удобни душек и перници

Приближно 9 од 10 луѓе се изјаснуваат дека квалитетното спиење не зависи само од времетраењето на одморот, туку и од подлогата. Удобните и квалитетни душек и перници се основа на спиењето и следствено на тоа, столб на вашето здравје. Затоа, ова е една област каде што не треба да штедите.

Премногу врева

Преку 3 четвртини од сите луѓе имаат потешкотии да заспијат бидејќи нивната околина е премногу бучна.

Премногу светлина

Речиси 3 четвртини од луѓето својата несоница ја препишуваат на премногу стимулација од изворите на светлина. Токму затоа, на многумина им е потребна потполно мрачна соба за да можат да заспијат.

Претопло

Преку 60 проценти од луѓето се будат во текот на ноќта затоа што им е премногу топло, т.е. затоа што нивните душеци и постелнината немаат соодветна вентилација.

Нечисто

Речиси 60 проценти од луѓето велат дека чистата спална соба е клучен предуслов за добро спиење. Интересно е што речиси 3 четвртини од луѓето пријавиле дека го местат креветот барем 3 пати неделно, додека 56 проценти велат дека го местат креветот секое утро. Речиси 80 проценти сметаат дека спиењето е попријатно кога ќе си легнат во постела со чисти чаршафи.