КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Спиењето на стомак е штетно за ’рбетот

Можеби цел живот спиете на стомак и тоа Ви е најудобната положба, меѓутоа треба да знаете дека тоа е штетно за ’рбетот и со текот на времето ќе предизвика болки во грбот. Ова е вистинско време да си пронајдете нова положба за спиење.

Можеби цел живот спиете на стомак и тоа Ви е најудобната положба, меѓутоа треба да знаете дека тоа е штетно за ’рбетот и со текот на времето ќе предизвика болки во грбот. Ова е вистинско време да си пронајдете нова положба за спиење. Според врвните стручњаци кои се занимаваат со проблематиката на квалитетното спиење, спиењето на стомак неминовно води до дегенерација на ’рбетот. Препораките одат во насока на целосно избегнување на оваа положба бидејќи таа има негативни импликации за здравјето.

Поради триењето на кожата на лицето на перницата доаѓа до појава на брчки, но тоа е најмалиот проблем. Спиењето на стомак може да предизвика повреди на грбот и вратот, бидејќи во текот на целата ноќ ’рбетот не е исправен, туку се наоѓа во неприродна положба, при што не доаѓа до намалување на притисокот врз него, но и врз зглобовите. За да го проверите ова тврдење, обидете се да одите со главата постојано свртена на една страна. Многу бргу ќе почувствувате болки и замор во пределот на рамената и вратот. Тоа се должи на фактот што оваа положба е неприродна за телото, која е речиси идентична на онаа кога лежите со лицето на перница. Ваквото вртење на главата и вратот, макар и на неколку минути, ги пренапрегнува лигаментите и мускулите околу ’рбетот. Доколку практикувате спиење во таква положба секоја вечер, тогаш притисокот врз зглобовите и нервите правопропорционално ќе расте, по што неминовно ќе следи и дегенерација на ’рбетот.