КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Што ќе ви се случи ако одите на спиење пред 22 часот?

Секој човек во просек 1/3 од животот ја поминува в кревет, а квалитетниот и мирен сон, влијае на нашето физичко и психичко здравје. Добро наспани, едноставно кажано сме попријатни и повесели личности чија продуктивност се отсликува и дома и на работа.

По реализирани стотина експерименти за спиењето и здравјето, научниците откриваат дека за одржување на општото здравје, треба да легнуваме во 22 часот, а да стануваме во 6 наутро, најдобар период за одмор на нашето тело.

Одење в кревет по 23, на полноќ или во 1 часот наутро е штетно за нашето здравје и причинител на многу „модерни“ болести.

Природата делува и се движи во прецизни ритмички кругови што се детерминирани под влијание на движењето на земјата, сонцето и месецот, а функциите на спиењето се дел од тој ритам. Дури и билките и животните спијат во согласност со тој ритам.

Нашето тело функционира со природните кругови, а телесниот ритам се нарекува внатрешен или биолошки часовник.

Пореметувањата на природните фукнции предизвикани од неправилните навики за спиење, предизвикуваат најразлични заболувања.

Кога сме вон рамнотежата, ништо не ни делува нормално. Тоа е затоа што хормоните, хемикалиите и неуротрансмитерите што го одредуваат нивото на енергија, виталност и тоа како се чувствуваме, спиеме и јадеме, не е синхронизирано. Со други зборови ние сме надвор од рамнотежа.

За здравјето и за квалитетниот сон од исклучително значење е на што спиеме, па доколку ненаспани го читате овој текст, најпаметно е да размислите за промена на душекот.

Пронајдете го својот идеален душек, удобна перница или наддушек и бидете сигурни дека добриот сон ќе ви биде загарантиран.

Ако сакате душек кој се обликува според контурите на вашето тело и ви дава лична поддршка, тогаш душек од мемори пена е совршен за вас. Пружините од пена пак се хибрид помеѓу обичните пружини и пената и го нудат најдоброто од двете технологии. Екстремно се проветрени, прилагодливи и направени за да ви дадат динамична, удобна средина за спиење каква што досега не сте имале. Душеците направени од бамбусови влакна, алое вера, посребрени влакна или памук овозможуваат свеж, релаксирачки и удобен сон. Ecocell® душеците пак се направени од цврст материјал кој не ги менува своите карактеристики, но сепак е доволно еластичен за да се прилагоди на вашето тело. Ако сакате поцврст душек, тој е идеалниот душек за вас.

Но доколку сакате и душек со врвен квалитет, но и подарок што ќе ви овозможи удобност, уживање и раскош во спиењето, нарачајте ги Fresh Prima, iMemory Silver или кој било од Air душеците и добијте ПОДАРОК Platinum Сет јорган и перница.