КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Справете се со сезонските алергии

До сега сигурно безброј пати сте ги чуле стандардните совети за справување со сезонските алергии – консултирајте се со матичниот лекар, земајте антихистамини и избегнувајте го алергенсот (т.е. не излегувајте од дома) колку што е можно повеќе. За среќа, постојат и дополнителни совети за справување со сезонските алергии.

До сега сигурно безброј пати сте ги чуле стандардните совети за справување со сезонските алергии – консултирајте се со матичниот лекар, земајте антихистамини и избегнувајте го алергенсот (т.е. не излегувајте од дома) колку што е можно повеќе. За среќа, постојат и дополнителни совети за справување со сезонските алергии.

1. Исчистете го домот

Можеби не делува логично, но понекогаш условите во домот можат да бидат многу полоши за вашата алергија отколку отворениот простор. Во домот имате ќилими, мебел, постелнина и топли, влажни простории – оптимални услови за собирање собна прашина и мувлија и ваш непријател број 1. Затоа, кога ќе започне сезоната на алергии или непосредно пред тоа, важно е да направите генералка на домот, до најситниот агол.

2. Хранете се правилно

Несоодветната исхрана може да предизвика бројни здравствени проблеми и значително да ги влоши постојните. Правилната исхрана, од друга страна, може да ви помогне при намалување на здравствените проблеми, вклучително и астма и сезонски алергии. Храната богата со антиоксиданси (овошје, зеленчук, јаткасти плодови, зелен чај, итн.) помага во битката со воспаленијата, што е клучен фактор за контрола на алергиите.

3. Намалете го вишокот килограми

Прекумерната телесна тежина се поврзува со бројни здравствени проблеми, почнувајќи од срцеви заболувања, па сè до зголемен ризик од одредени видови рак. Дебелината, исто така, го отежнува дишењето, што е последно нешто што ви е потребно кога страдате од алергии.

4. Намалете го стресот

Секогаш кога ќе се соочите со стрес-фактор, без разлика дали е тоа метеж во сообраќајот или пак проблеми со кредитната картичка, вашето тело испушта цела палета на стрес-хормони. Тие испраќаат сигнали до повеќе делови во телото, дека тоа треба да се подготви за акција. Ако тоа ви се случува постојано, негативните последици ќе бидат почувствувани во оној дел кој е наменет да ви го заштити здравјето – имунолошкиот систем. А, кога имунитетот ќе ви опадне, тоа ги зголемува шансите за алергиски реакции.

5. Надополнете ја терапијата со алтернативни лекови

Кога следниве две супстанци ќе ги споите со редовната терапија од антихистамини, во голема мера може да се намалат симптомите на алергијата: -Дневна доза од мултивитамини и минерали, со: магнезиум, селен, витамин Ц, Е и Б; -Чаша чај од нане или камилица, секоја вечер пред спиење.