КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Спречете ги болестите со попладневна дремка

Квалитетната попладневна дремка ќе Ви ја обнови енергијата, а доколку одвоите малку повеќе време за сон, можете да спречите појава на голем број болести.

Квалитетната попладневна дремка ќе Ви ја обнови енергијата, а доколку одвоите малку повеќе време за сон, можете да спречите појава на голем број болести. Истражувањата покажале дека кај луѓето кои спиеле 90 минути била забележана подобрена работа на мозокот и истите постигнале значително подобри резултати на писмените тестирања отколку оние кои немале шанса да се одморат.

Објаснувањето оди во насока дека мозокот го користи кусото спиење за претврорање на краткорочната во долгорочна меморија, со што се ослободува простор за совладување нови задачи и примање нови информации. Колку време Ви е потребно за одмор? - 6 минути се доволни за да се активира процесот на претворање на меморијата во долгорочна, т.е. за чистење на краткорочната меморија и ослободување доволно простор за нови информации. - 20 минути (дури и ако не успеете да заспиете, туку само целосно да се опуштите) ќе Ви овозможат минување низ првите две фази од спиењето, кога се забавува работата на срцето и се стабилизира крвниот притисок. По станувањето ќе бидете поконцентрирани и порасположени. - 40 минути, не само што ќе Ви ја подобрат концентрацијата, туку ќе го подигнат и нивото на енергија, особено ако не сте се наспале добро претходната вечер. Но, немојте да потонете во длабок сон, затоа што долгото спиење во текот на денот може да предизвика чувство на дезориентација. Планирајте ги дремките и наместете го алармот во точно посакуваното време. - 90 минути веќе претставува целосен циклус на спиење и доколку успеете да се опуштите, тогаш ќе можете да функционирате исто како да сте преспале цела ноќ. Овој трик можете да го користите кога имате премногу работа, но гледајте да не Ви стане навика. Нормално, клучот за секој добар одмор, а особено за дремките (кога имате доста кусо време за опуштање) е подлогата на која што лежите. Доколку имате стар и истрошен душек, тогаш ќе поминете поголем дел од времето во подместување и превртување и ќе можете да заборавите на одморот.

Па, ако имате стар душек, размислете за негова замена, со нов и модерен душек кој ќе Ви овозможи соодветна потпора и следствено на тоа, квалитетен одмор.