КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Старите перници можат да предизвикаат здравствени проблеми

Сте се разбудиле некогаш со вкочанет врат, иако сте спиеле пријатно? Дали често поради спиењето Ви се јавуваат болки во рамената или грбот? Сево ова може да е предизвикано од старата перница.

Сте се разбудиле некогаш со вкочанет врат, иако сте спиеле пријатно? Дали често поради спиењето Ви се јавуваат болки во рамената или грбот? Сево ова може да е предизвикано од старата перница. Покрај проблемите со болки во одредени делови од телото кои страдаат поради неудобноста на перницата, старите перници можат да предизвикаат и алергии, како и постојана замореност. Наједноставното решение за овие проблеми е купувањето нова перница, но понекогаш и тоа нема да е доволно, затоа што проблемите ќе се вратат по некое време.

Болки во вратот

Доколку често се будите со вкочанет врат, веројатно ќе ви треба специјална, анатомска перница. Многу често, перниците кои ја загубиле формата со текот на времето ја подигнуваат главата, но не обезбедуваат правилна потпора за вратот, кој останува да виси и со тоа целиот ’рбет доаѓа во неприродна положба. Анатомската перница ќе Ви обезбеди правилан потпора, без разлика дали спиете на грб, на страна или на стомак.

Болки во рамената и грбот

Ако ’рбетот не Ви е во природна положба во текот на спиењето, многу е веројатно дека често ќе се будите со болки во рамената и грбот. За да го избегнете ова, треба да спиете во положба што е природна за ’рбетот, т.е. главата мора да биде совршено израмнета со него. Доколку имате перница што е превисока или прениска, тоа ќе биде невозможно. За да ја израмните положбата, мора или да ја смените перницата или да го смените душекот.

Алергии

Оние што страдаат од алергии мора внимателно да ја одберат својата перница. Не треба да се одлучат за памучна перница, затоа што памукот екстремно брзо апсорбира прав, што во комбинација со алергии е недозволиво. Препорачливи се синтетичките перници кои даваат чувство на пердуви, но не содржат алергенси.

Замор

Заморот предизвикан од спиењето може да е резултат на неудобната положба при спиењето. Перниците често играат значајна улога во неможноста да се најде позиција во која ќе добиете вистински одмор. Повторно, решение за проблемот е купувањето анатомска перница. Доколку не можете во моментот, обидете се да го најдете типот на перница што ќе Ви овозможи добар сон во скалд со положбата во која спиете. Ако спиете на грб, најдобро е да имате потенка перница, зашто така полесно ќе постигнете правилна положба на ’рбетот во однос на главата. Доколку спиете на страна ќе Ви треба подебела перница за вратот да не остане без соодветна потпора. Оние пак што спијат на стомак треба да размислат дали воопшто им треба перница, зашто речиси е невозможно да се најде соодветна положба и за главата и за ’рбетот, доколку спијат на перница.