КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Трикови против ненаспаност

Доколку во текот на ноќта спиете 90 минути помалку од вообичаеното, во текот на денот ќе се чувствувате поспани и ќе имате 32% помалку енергија за извршување на обврските

Доколку во текот на ноќта спиете 90 минути помалку од вообичаеното, во текот на денот ќе се чувствувате поспани и ќе имате 32% помалку енергија за извршување на обврските. Ова ќе го ослабне вашето помнење, нема да можете да размислувате и секако да управувате со моторни возила

Дополнително, доколку секоја ноќ спиете по 1 час помалку од просечните 7-8 часа, со време ќе почнете да чувствувате неиздржлив замор, непријатно чувство на пецкање и чешање на очите, негативно расположение и глад. Ако патите од несоница, решението не е во легнувањето порано.  

Кога сте позаморни, легнете си еден час подоцна.

Доколку сепак не можете да заспиете, можете, на пример, да читате книга. Исто така, во текот на денот вежбајте половина час или пак уживајте во топла купка – ова секако дека ќе ве опушти и ќе ви помогне да заспиете.

Ако во текот на денот ви доаѓа да заспиете, дремнете меѓутоа не повеќе од 20 минути. Ако спиете подолго, по будењето ќе се чувствувате поизморени од претходно, со многу помалку енергија и дезориентирано. Попладневната дремка е најдобра меѓу 13 и 16 часот.

Поради генетскиот материјал, еден отсто од луѓето функционираат добро и со до 25 отсто помалку од сон од просечните седум, осум часа, тврдат истражувачите. Спаѓате во групата „куси спијачи“ ако се будите без будилник, и тоа секој ден во исто време, дури и викендите.