КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Ве побара за жена, и сега што

Конечно дојде и тој ден – тој клекна на колена, го отвори кутивчето со најубавиот прстен нa светот (за вас) и го постави магичното прашање! Можеби ситуацијата и не била баш ваква, меѓутоа прашањето е тоа и вие секако дека сте кажале ДА. И сега што понатаму?

Конечно дојде и тој ден – тој клекна на колена, го отвори кутивчето со најубавиот прстен нa светот (за вас) и го постави магичното прашање! Можеби ситуацијата и не била баш ваква, меѓутоа прашањето е тоа и вие секако дека сте кажале ДА. И сега што понатаму? Ние ви нудиме 5 практични совети кои ќе и помогнат на секоја идна невеста.

ЧЕКОР 1: Уживајте во вашиот момент!

Земете воздух, погледнете го прстенот и издишете. Уживајте во вашиот момент, најтешкото помина - ја сретнавте вашата сродна душа, се заљубивте и дојде време за брак.

ЧЕКОР 2: Известете го семејството и пријателите!

Секако дека сакате што е можно побрзо целиот свет да дознае, но пред тоа да го направите, соопштете ја среќната вест на најблиските (родителите, браќата, сестрите, блиски роднини и пријатели). Тие повеќе би сакале тоа да го слушнат од вас отколку да го прочитаат како статус на некоја од социјалните мрежи.

ЧЕКОР 3: Одберете три можни дати.

Затворете ги очите и замислете го денот на свадбата. Додека чекорите накај колата какво е времето? Дали врне снег, или пак има многу сонце? Можеби сонцето заоѓа? Одберете три дати од кои: датата број 1 ќе биде онаа која најмногу би ја сакале, број 2 ќе биде план Б, а број 3 ќе биде датата „доколку ништо друго не успее“. Кога ги одбирате датите, имајте ги предвид вашите и работните обврски на вашиот свршеник, семејните одмори и други важни семејни дати. Изборот од три дати ќе ви биде навистина корисен кога ќе бирате ресторан, бидејќи најголем број од рестораните најчесто се резервирани 1,5 година однапред.

ЧЕКОР 4: Почнете да го запишувате својот план за свадбата.

Многу идеи ќе добиете додека гледате телевизија, во разговорите со семејството и пријателите, и додека разгледувате на интернет. Најдобар начин да ги организирате своите мисли е да ги запишувате, па така сите ваши идеи и планови ќе бидат на едно место и секогаш достапни.

ЧЕКОР 5: Почнете да го планирате буџетот.

Нема свадба без пари, па затоа најдобро е со време да седнете и да го одредите буџетот. Разговарајте со родителите за да видите дали ќе учествуваат во финансирањето на свадбата. Доколку сакате да штедите за свадбата, отворете одделна сметка во банка и одделувајте средства од секоја плата. Поделете го вкупниот буџет за свадбата на онолку месеци колку што ви остануваат до свадбата, за да го добиете месечниот износ кој треба да го штедите.

ЗА КРАЈ: Откако ќе ги започнете овие 5 работи, на добар пат сте до свадбата од соништата.