КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Вечерни навики што ви го уништуваат спиењето

Ви се случува ли да минете часови во креветот, обидувајќи се да заспиете и ништо не ви успева? Можеби за овој проблем се одговорни вашите вечерни навики, без вие да бидете свесни за тоа.

Ви се случува ли да минете часови во креветот, обидувајќи се да заспиете и ништо не ви успева? Можеби за овој проблем се одговорни вашите вечерни навики, без вие да бидете свесни за тоа.

Ноќна птица

Точно определеното време за легнување не е само за малите деца. Возрасните луѓе треба особено да водат грижа за распоредот на спиење и да го одржуваат по секоја цена, со многу ретки исклучоци, единствено кога ништо не може да се направи околу тоа. Правилото треба особено да се запази за време на викендите. Вашето тело најдобро реагира кога ќе го навикнете на рутина. Не си легнувајте во 23 часот еден ден, а во 1 часот следниот ден. Така само ќе го збуните внатрешниот часовник.

Читање во кревет

Многумина читаат пред спиење. Проблемот лежи во тоа што вашето тело се навикнува на оваа рутина, па нема да можете да заспиете пред да прочитате неколку поглавја. Станете од креветот. Седнете во удобна фотеља или на кауч и таму читајте. Креветот треба да служи само за спиење и секс.

Фејсбук до ниедно време

Светлината од компјутерот го стимулира мозокот. Згора на тоа, на вашиот мозок ќе му претставува потешкотија да престане да се занимава со листата на работи што треба да ги направите на интернет, дури и откако ќе го исклучите компјутерот. Избегнувајте сурфање доцна навечер и исклучете го компјутерот. Интернетот ќе ве почека до утрото.

Штедење на квалитетен кревет

Квалитетните душеци во просек чинат помеѓу 300 и 2.000 евра, во зависност од величината и материјалот од којшто се изработени. Сметајте дека тоа ќе ви бидат едни од најумно инвестираните средства, бидејќи инвестирате во здравјето. Ништо на светот не може да го замени квалитетниот сон.

Вежбање доцна навечер

Вежбањето преку ден ви обезбедува чувство на енергија во текот на целиот ден. Токму затоа не треба да вежбате доцна навечер, особено не непосредно пред да си легнете. Засилената физичка активност ја подигнува телесната температура и го зголемува нивото на енергија, што може да довете до нарушување на циклусот на спиење.