КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Warm Hug Сет ќебе и перница

Секој човек посакува и заслужува топла прегратка, особено во ладните зимски денови и ноќи. А постои ли помека и понежна прегратка од тоа да бидете завиткани во кадифено руно кое затоплува и разнежнува.

Низ годините, Dormeo Warm Hug просто се претвори во синоним за зимата. Илјадници семејства брзаат секој ден дома и единствена мисла им е да се мушнат под топлото Warm Hug ќебе.

Размислувајќи на овој начин за семејството, за топлината но и за фината естетика на зимското уредување на домот, Dormeo ја прошири својата Warm Hug колекција додавајќи 3 нови бои.

Ладните ноќи поминати пред каминот или пред телевизорот со полна кофа пуканки одеднаш добиваат налик на зимска идила од соништата. Секоја година во нашите Дормео сандачиња ни пристигаат илјадници фотографии со чаша топло чоколадо или чај од веселите зимољупци на кои Warm hug сетот им е и омилена декорација на спалната или дневната.

Малите емоционално обоени моменти во животот се оние кои остануваат најдолго во нашата меморија. Warm Hug сетот ве повикува да споделувате моменти, да градите спомени и да создавате приказни со вашите најсакани.

И оваа зима не заборавајте да си набавите уште едно Warm hug ќебе и перница и да поставите фотографија означена со хаштагот #dormeomk.

Сакаме да ја видиме вашата креативност и вкус за фотографија. Овогодинешниот Дормео албум ве очекува вас. За најкреативните следи и изненадување.