КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Здрави ужинки за време на зимата

Зимата носи многу радосни моменти, но за жал и неколку проблеми. Еден од нив е постојаното чувство на замор и недостаток на енергија, кои настануваат и покрај фактот дека ние всушност јадеме многу за време на студениот период. Проблемот е во тоа дека ја јадеме погрешната храна, што наместо енергија ни носат вишок килограми. Но постои начин тоа да се реши – еве како...

Зимата носи многу радосни моменти, но за жал и неколку проблеми. Еден од нив е постојаното чувство на замор и недостаток на енергија, кои настануваат и покрај фактот дека ние всушност јадеме многу за време на студениот период. Проблемот е во тоа дека ја јадеме погрешната храна, што наместо енергија ни носат вишок килограми. Но постои начин тоа да се реши – еве како...

Салати

Проблемот со зимата е тоа дека е ладно – кој би помислил на тоа нели? Но зимскиот студ не само што не ни дозволува почесто да излегуваме надвор, туку и ниските температури ни ја уништуваат жедта, а со тоа ние пиеме многу помалку вода за време на тој период. Салатите се одличен начин за повторна хидратација на телото без да треба да пиете течност, бидејќи зеленчукот кој најчесто го користиме во салатите содржи многу вода. Затоа, не се мислете дали да јадете салата за вашата ужинка, иако веќе не е лето.

Супи

Супите имаат слични придобивки како и салатите – тие содржат многу течности, па го хидрираат телото без да треба да пиете 2 до 3 литри вода дневно. Како дополнување, тие се исто ефективни кога станува збор за зимските настинки -  една чинија топла супа ќе ве стполи и ќе ви ја врати енергијата!

Сложени јаглехидрати

Истражувањата покажуваат дека јадењето сложени јаглехидрати може да го подобри расположението  кога се борите против вообичаената зимска здодевност. Но  наместо да ги консумирате типичните нездрави јагледихрати, на кои најверојатно прво помисливте, треба да изедете едно парче интегрален леб, чинија овесни снегулки или кафеав ориз. За што и да се одлучите нема да погрешите и нема да имате проблеми со дигестивниот систем, но ќе ви дадат доволно енергија за да го завршите денот!

Чај

Чајот како ужинка – дали се шегуваме? Не, не се шегуваме. Секако дека чајот нема многу калории, но секогаш може да додадете една лажица шеќер или пак мед и вашето тело ќе добие енергија за да може соодветно да функционира за време на темното, ладно и депресивно време. И ако не сакате не мора да додадете шеќер, ниту пак мед. Чајот секако ќе ве стопли, ќе ја подобри циркулацијата и ќе ве засити до наредниот поголем оброк.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови ќе ви дадат многу енергија – зошто? Затоа што тие содржат голема количина на масти. Но здрави масти кои му помагаат на телото да ја зголеми апсорпцијата на витамини, а со тоа ќе го зајакне имунитетот и ќе ги намали шансите да настинете.

Јаболка

Едно јаболко на ден го држи докторот подалеку! Јадењето јаболка е посебно важно во овие зимски денови кога имунитетот навистина треба да се труди и да се бори против сите вируси на студеното време. Дополнителни, јаболката се одлична ужинка, тие се здрави, ви даваат енергија, може да ги изедете за само неколку минути и може лесно да ги понесете со вас – на работа, во кино, на прошетка...

Кралицата на зимските ужинки

Оваа ужинка најмногу ќе ви се допадне, тоа е кралицата на зимските ужинки, лекот за главоболка, депресија, здодевност и малата енергија – чоколадото! Кога и да јадете чоколадо или топло чоколадо за ужинка веднаш ќе почувствувате дека светот станува подобро и потопло место за живеење. Но ако внимавате на тежината, не претерувајте – чоколадото ќе ви биде најдобар пријател во зимските месеци само ако го јадете поретко (и кога ќе јадете, одбирајте темно чоколадо). Дури и најдепресивните зимски денови може да бидат убави нели?