КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Знаци дека имате проблем со спиењето

Кога не можете да заспиете, тоа Ви е повеќе од јасно. Но, што станува кога успевате да заспиете, а се будите изморени или пак се изморувате по неколку часа од станувањето?

Кога не можете да заспиете, тоа Ви е повеќе од јасно. Но, што станува кога успевате да заспиете, а се будите изморени или пак се изморувате по неколку часа од станувањето? Многу често се работи за проблем за којшто не сте свесни, а кој го саботира квалитетниот сон.

1. Лошо спиете и се будите со лош вкус во устата

Речиси 25 проценти од луѓето што лошо спијат, а немаат дијагноза за одредено пореметување на сонот, страдаат од проблеми со желудникот, коишто придонесуваат за лошиот вкус во устата наутро.

Проблемите со желудникот ќе го оневозможат нормалниот сон, иако тоа може и да не е доволно за да Ве разбуди. За да се справите со овој проблем, мора да се консултирате со Вашиот матичен лекар, кој ќе Ви препише лекови и соодветна диета.

2. Се превртувате и често се будите за да одите во тоалетот

Редовното будење во ноќта за одење во тоалет има официјално име – ноктурија. Се проценува дека дури 65 проценти од постарите луѓе имаат проблеми со спиењето поради оваа состојба, што нормално настнува со стареењето.

Кај некои луѓе се манифестира со пречесто станување во текот на ноќта, што оневозможува постигнување на РЕМ фазата, кај други со неможност за заспивање по будењето, но сите страдаат од последиците од недоволно спиење.

За да се справите со овој проблем, почнете со мали чекори – прво, намалете го внесот на течности во последните 4 часа пред легнувањето, престанете да пиете алкохол, одете во тоалетот непосредно пред легнувањето, итн. Ако ништо не помага, консултирајте се со Вашиот матичен лекар, зашто можно е да се соочувате со воспаление на уринарниот тракт.

3. Вилицата Ви крцка, Ве боли или пак забите полека Ви се трошат

Крцкањето во текот на спиењето, познато како бруксизам, всушност е потсвесна невромускулна активност. Ако страдате од оваа состојба, вилиците најчесто Ви се стегнати или раздвижени при спиењето, т.е. телото е зафатено со одредена активност и недоволно се одмора.

За справување со овој проблем, прво мора да се консултирате со Вашиот стоматолог, којшто ќе ја пронајде причината за таквата состојба и препорака како да се справите.

4. Се движите по креветот или се будите сплеткани во постелнината

Ова е индикација на неконтролирано повремено движење на мускулите во екстремитетите. Докторите не знаат што точно е причината за ваквата состојба, но заклучиле дека е директно поврзана со недоволно спиење. Задолжително консултирајте се со Вашиот матичен лекар, наведете ги сите лекарстава што ги земате и потврдете дека не се работи за симптом на некоја посериозна болест.