- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Во една неодамнашена анкета, дури 87 проценти од жените го навеле сексот како омилена физичка активност. Всушност, се работи за одлична физичка активност која не само што го продолжува животот, туку ја подобрува и плодноста. Прочитајте повеќе за помалку познатите факти поврзани со сексот.
Во една неодамнашена анкета, дури 87 проценти од жените го навеле сексот како омилена физичка активност. Всушност, се работи за одлична физичка активност која не само што го продолжува животот, туку ја подобрува и плодноста. Прочитајте повеќе за помалку познатите факти поврзани со сексот.
Во текот на сексот доаѓа до опуштање на сите мускули во телото. Меѓу нив секако и мускулите на очите. Често се случува луѓе да се пожалат на влошен вид по секс, но тоа само значи дека во тој момент, кога мускулите се опуштени, очите функционираат со нивната природна способност, а не со напрегање и стегање на мускулите. Според тоа, ако видот Ви е поматен по секс, време е да отидете на преглед.
Имањето секс три пати неделно може и до двапати да го намали ризикот од срцев удар или излив. На неколкуте студии кои го потврдиле превентивниот ефект на сексуалната активност им се придружи и една израелска студија која покажа дека жените кои имаат барем два оргазми во текот на неделата имаат 30 проценти помали шанси за срцеви заболувања од жените кои не доживуваат оргазми. Причините за ова се бараат во можните знаци на депресија кај сексуално неактивните луѓе, но и во фактот што за време на секс во организмот се ослободуваат ендорфини кои ги неутрализираат стрес хормоните.
Едно американско истражување покажало дека жените во менопауза кои имаат секс барем еднаш неделно имаат двојно поголеми нивоа на естроген одошто оние што воопшто немаат секс. Тој хормон е директно поврзан со здравјето на коските, поточно недостигот од естроген се поврзува со појавата на остеопороза.
Најчесто поставуваното прашање упатено до гинеколозите е – дали голмината на пенисот влијае врз плодноста. Одговорот секако е не, а најважното нешто за плодноста е колку често имате секс. Колку почесто имате сексуални односи, толку ќе биде поквалитетна спермата. Ако се обидувате да зачнете потребна Ви е свежа сперма, а не онаа што стоела во простатата неколку дена.