КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Зошто вашите деца треба да спијат повеќе

Спиењето со соодветно времетраење ги подобрува училишните перформанси на децата. А сепак истражувањата покажуваат дека сѐ поголем број деца не спијат доволно. Дали ви се потребни повеќе причини зошто да ги терате своите деца порано да си легнуваат? Прочитајте подолу:

Недоволното спиење предизвикува несоодветно однесување

Последните истражувања покажаа дека намалувањето на времето за спиење за само 54 минути во голема мера ги зголемува импулсивноста и немирното однесување. Од друга страна, продожувањето на времето за спиење за само 27 минути го намалува степенот на проблеми во училишната средина во однос на децата кои спијат нормално. Алармантниот заклучок вели дека повеќе од две третини до децата на возраст помеѓу 6 и 10 години не спијат доволно.

Недоволното спиење го зголемува ризикот од повреди при физичка активност

Тинејџерите кои не спијат доволно, т.е. спијат помалку од 8 часа на ден, имаат 70 проценти поголеми шанси да бидат повредени при спортување или друг вид физичка активност.

Недоволното спиење може да го зголеми ризикот од прекумерна телесна тежина и дијабетес

Од поодамна е познато дека најголем непријател на луѓето кои се обидуваат да ослабат е недоволното спиење, бидејќи нарушениот ритам на спиење го забавува метаболизмот и го отежнува процесот на согорување калории. Сега веќе се знае дека недоволното спиење на децата може да доведе до зголемен ризик од прекумерна телесна тежина во иднината, но и од развој на дијабетес. Животот станува сѐ похаотичен и имаме сѐ помалку време на располагање, но доколку сакаме да го задржиме доброто здравје, спиењето мора да ни стане приоритет. Ваша должност е да ги натерате децата да спијат по најмалку 8 часа дневно.