Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Како да се грижите за Вашиот душек

Исто како домовите, автомобилите и облеката, на душеците исто така им е потребна посебна грижа. Ако го заборавите и не му го посветите потребното внимание, лесно може да се случи душекот да ги загуби квалитетите. Според тоа, кој е најдобриот начин да го зачувате и да се грижите за Вашиот душек? Прочитајте ги овие 10 инструкции како да се грижите за Вашиот душек.

Исто како домовите, автомобилите и облеката, на душеците исто така им е потребна посебна грижа. Ако го заборавите и не му го посветите потребното внимание, лесно може да се случи душекот да ги загуби квалитетите. Според тоа, кој е најдобриот начин да го зачувате и да се грижите за Вашиот душек?

Прочитајте ги овие 10 инструкции како да се грижите за Вашиот душек.

1. Внимателно прочитајте ги инструкциите од производителот пред употреба

Доколку се држите до инструкциите и препораките од производителот, ќе можете да бидете сигурни дека се грижите соодветно за Вашиот душек и ќе спиете удобно на него долги години.

2. Проверете дали основата со летвички и душекот се правилно поставени

Проверете дали Вашиот душек и основата се правилно поставени. Неправилното поставување може да го оштети Вашиот душек. Доколку сте загрижени дека не знаете како правилно да ги поставите душекот и основата, побарајте совет од нашите консултанти.

3. Не ја отстранувајте етикетата

Информациите на етикетата можат да бидат прилично корисни. Етикетата е делот за идентификација на Вашиот душек кој се користи за активирање на гаранцијата, па затоа оставете ја на креветот.

4. Користете соодветна осонова за кревет – со летвички

Избегнувајте го користењето на метални пружини, површини со широки летвички и рамни, непрекинати површини. Овие основи не се соодветни бидејќи можат да предизвикаат задржување на влага, што пак може да доведе до мувлосување. Секогаш користете ги Дормео душеците на дрвени штички кои овозможуваат непрекината циркулација на воздухот околу душекот, со што се овозможува соодветна вентилација. Препорачуваме користење на Дормео Клип Флекс летвички под Вашиот душек.

5. Користете соодветен заштитник

Висококвалитетен заштитник за душек кој може да се пере е одличен начин да обезбедите соодветна хигиена и да го продолжите животниот век на душекот. Заштитникот за душек заштитува од: прав, алергенси и влага. Ја препорачуваме Дормео антиалергиската прекривка.

6. Ротирајте го душекот

Од време на време, особено во првите шест месеци од употребата, ротирајте го душекот за делот каде што Ви била главата да дојде на долната страна од креветот. Дормео Ви препорачува повремено да го исправите душекот вертикално, за да овозможите оптимална стабилизација на полнењето.

7. Обезбедете соодветна вентилација во спалната соба и околу душекот

Препорачливо е да ја луфтирате спалната соба и Вашиот душек секоја недела (по можност секој ден). Кога го луфтирате душекот, отстранете ги прекривките. Ова ќе оневозможи влагата да остане во душекот и на тој начин ќе се спречи создавањето непријатни миризби и мувла.

8. Не користете течни супстанци за чистење на душекот

Ткаенината на Вашиот душек може да се оштети со употреба на течни супстанци за чистење или со пеглање. Истото важи и за силните хемикалии. Најдобро е да повремено да го чистите Вашиот душек со обична правосмукалка (но не правосмукалка што користи течности при чистењето).

9. Душекот не е трамполина

Не им дозволувајте на децата да скокаат по душекот. Иако Дормео душекот е направен од издржливи материјали, скокањето и играњето врз него може да ги оштети или дури и да ги скрши летвичките во основата од креветот.

10. Никогаш не го превиткувајте и не го здиплувајте душекот

Никогаш не го превиткувајте и не го здиплувајте душекот кога сакате да го преместите или да го исчистите, затоа што може да настанат сериозни оштетувања. Дополнително, не седете на рабовите од креветот, туку во средината.