КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Храна која е поздрава отколку што мислиме

Во ерата на интернетот, кога на дофат ни се сите информации на светот, сите можеме да дојдеме до многу корисни совети, но и до исто толку погрешни факти, што можат да ни го одведат животот во несакана насока. Прочитајте кои видови храна не се толку штетни, колку што ние мислиме.

Во ерата на интернетот, кога на дофат ни се сите информации на светот, сите можеме да дојдеме до многу корисни совети, но и до исто толку погрешни факти, што можат да ни го одведат животот во несакана насока. Прочитајте кои видови храна не се толку штетни, колку што ние мислиме.

Тестенини

Често, тестенините се гледаат како еден од најголемите непријатели на луѓето кои внимаваат на линијата, но дали сте знаеле дека тие всушност можат да бидат корисни доколку сте на диета? Во тестенините има висок процент на фолна киселина, а исто така, природно содржат низок процент на масти.

Путер

Никој не вели дека треба да се прејадете со путер, но експертите сугерираат дека заситените масти кои настануваат природно, како што е во случајот со путерот, кашкавалот и црвеното месо, можат да бидат многу корисни, доколку се умерено застапени во исхраната.

Кашкавал

Слично како кај путерот, кашкавалот содржи висок процент на заситени масти и има висока калориска вредност, но тоа не значи дека не наоѓа свое место во избалансираната исхрана. Во кашкавалот се застапени голем број хранливи материи, изобилува со калциум, а содржи и: витамин А, витамин Б12, рибофлавин, цинк и фосфор.

Јајца

Јајцата изобилуваат со хранливи материи и треба да бидат застапени во нашата исхрана. Иако имаат висока количина на холестерол, сепак имаат низок процент на заситени масти – едно големо јајце содржи само 1,5 грама, во споредба со 3 грама во млекото со 2% масленост и 7 грама во една супена лажица путер.

Пиво

Доколку се конзумира умерено (едно дневно за жени и две пива за мажи), пивото може да биде многу корисно за здравјето. Последните истражувања покажуваат дека пивото може да помогне за подобрување на здравјето на срцето и на мозокот, но и за зајакнување на коските. Ако сте љубители на темните пива, тогаш вестите се уште подобри – во нив има висок процент на антиоксиданси и железо.

Пуканки

Не само што јадењето пуканки се смета за внесување интегрална храна, туку, според најновите истражувања, пуканките можат да содржат и до три пати повеќе антиоксиданси од одредени видови овошје и зеленчук.

Компири

Компирите најчесто се гледаат како дел од брзата храна, затоа што речиси и да не постои место каде што не се служи помфрит. Но, компирите можат да бидат многу корисни за здравјето, бидејќи ни обезбедуваат многу важни хранливи материи, како што се: витамин Ц, Б витамини, железо, калциум, калиум и растителни влакна. Ако не се потопени во заситени масти, т.е. ако ги зготвите во поприфатлива форма од помфрит, тогаш компирите можат да ви помогнат во битката за намалување на телесната тежина.