- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Основни чекори за одржување на сексуалното здравје се добрата заштита и внимавањето на ризиците кога имате сексуални односи. Но, експертите велат дека правилната исхрана може многу да ви помогне во овој сегмент.
Основни чекори за одржување на сексуалното здравје се добрата заштита и внимавањето на ризиците кога имате сексуални односи. Но, експертите велат дека правилната исхрана може многу да ви помогне во овој сегмент. 1. Сливи и праски
Овие вкусни овошја изобилуваат со антиоксиданси - полифеноли, кои имаат потенцијал за борба против клетките од ракот на дојката. 2. Витамин Д
Одредени студии покажаа дека храната богата со витамин Д: јајца, лосос, шитаке печурки и туна, може да помогне во одржувањето на здравјето на градите и да го намали ризикот од рак на дојката. 3. Пробиотски јогурт
Габичните инфекции на половите органи се ужасни, а најчесто настануваат кога постои дисбаланс на бактериите во вагината. Пробиотскиот јогурт може да ви помогне да го вратите балансот и да се справите со инфекцијата. 4. Ореви
Оревите се одлични за здравјето на градите. Според последните истражувања, редовното конзумирање ореви го преполовува ризикот од тумори. 5. Цитрусни овошја
Портокали, лимон, зелен лимон, ананас и грозје, се овошјата кои можат да ви обезбедат подобар мирис на гениталниот предел од телото. 6. Кафе
Редовното пиење по минимум 2 шолји кафе дневно, може да го намали ризикот од агресивните форми на рак на дојката. 7. Вода
Водата е темел на здравјето, но исто така, пиењето од 8 до 10 чаши вода на ден ќе ви помогне со лубрикацијата на вагината. 8. Маслиново масло
Монозаситените масти и антиоксидансите во маслиновото масло се поврзуваат со снижен ризик од рак на дојката. 9. Растителни влакна
Зголемениот процент на растителни влакна помагаат да се елиминира вишокот естроген што се складира во крвта, со што се подобрува здравјето на матката. 10. Витамин Е
Храната која е богата со витамин Е: сончоглед, бадеми, лешници итн., може да помогне во спречувањето на сушењето на вагината.